Тренд помеѓу младите: Пирс на прстот наместо веренички прстен и бурма

Тргнувајќи од сите необични начини на кои можете да ја запросите девојката, па до тематски организираните венчавки, стигнавме во нов тренд на Инстаграм – пирсови на прстот, наместо веренички прстен или бурма.

trend-pomegju-mladite-pirs-na-prstot-namesto-verenicki-prsten-i-burma-001.jpg

Меѓу младите до пред извесно време хит беа тетоважите кои ја симболизираат вечната љубов, а сега изгледа ветувањето на вечна љубов ќе се одвива во пирсинг студија.

Но, колкав е ризикот од овој „романтичен“ тренд?

Со оглед на тоа што останатите прсинзи имаат влезна и излезна точка, поткожните пирсинзи се импланти, па може да бидат далеку поризични. Понекогаш се случува телото да не ги прифати, па дури и да се поместат.

Доколку се користи стерилизиран прибор и клиентот ги почитува правилата за темелна хигиена, шансите за инфекции се мали.

Но, ова не е добра опција за сите. Оние кои нема да се придржуваат до правилата, многу лесно може да се соочат со одбивање на металот од страна на нивното тело.

Една девојка која работи во пирсинг студио открива дека во текот на една недела, во просек доаѓаат по 2 до 3 пара кои сакаат да стават пирсови наместо бурми или веренички прстени.

Изгледа му дојде крајот на изговорот „го заборавив прстенот дома“...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...

Најчитани неделава