Деветте збогувања со кои завршува секоја љубов

Тажната вистина за збогувањата е што вашите усни обично се последните кои ги дознаваат.

devette-zboguvanja-so-koi-zavrshuva-sekoja-ljubov-001.jpg

Првото збогување е распослано во 3 часот наутро, помеѓу две изморени тела, кои полека, но сигурно се раздвојуваат секое на својата страна во креветот. Нивните раце повеќе не се допираат.

Попрво цврсто би ги затвориле очите и би ја одмориле душата, отколку да гледаат во лицето кое некогаш обожаваа да го набљудуваат додека спие. Или сепак би гледале во таванот и би ги броеле сите пукнатини.

Второто збогување доаѓа во моментите кои ги минувате сами. Каде разговорите завршуваат, онаму каде што некогаш имало реки од зборови и случувања. Кога барањето на зборови станува измачување, нема назад.

Третото збогување доаѓа во ноќите кога сте одвоени, кога телото се тресе да го почувствува одамна заборавеното чувство на љубов.

Кога се согласувате на насмевката на непознатиот човек спроти вас, кога верувате на празните ветувања, додека телото ви се поти и препотува.

Ќе бакнете погрешен човек и тоа ќе го наречете љубов. Ќе се истрошите врз тело кое не ви претставува никакво задоволство и ќе го наречете страст. А, знаете дека нема ништо од тоа.

Утредента ќе се вратите со грутка во грлото, полни со грижа на совест и чувство како да сте на раб од „живот или смрт.“

Ќе го замолите да седне на столчето спроти вас и ќе го изговорите четвртото „збогум“, а очите ќе продолжат да го раскажуваат и петтото и шестото и седмото и осмото и деветтото и секое наредно...

И ќе сфатите дека збогувањето од усните не било толку болно како што би требало, бидејќи срцето веќе многупати претходно го изговорило, само не сте го разбрале.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...

Најчитани неделава