Невести го раскажуваат моментот кога сфатиле дека не се мажат со љубовта на нивниот живот

Денот на венчавката би требало да биде еден од најубавите во животот, но целиот тој раскош не вреди ништо, доколку покрај вас не стои човекот на вашиот живот.

nevesti-go-raskazuvaat-momentot-koga-sfatile-deka-ne-se-mazat-so-ljubovta-na-nivniot-zivot-001.jpg

За жал, дел од невестите предоцна сфаќаат дека мажот до нив всушност не е љубовта на нивниот живот.

Како дел од невестите го сфатиле тоа? Ова се неколку искуства на таа тема:

„На денот на венчавката потајно се надевав дека бившиот ќе се појави. Очигледно беше дека сум вљубена во него, а не во мојот иден сопруг.“

„Едноставно почнав да плачам – не затоа што бев среќна, туку затоа што знаев дека правам грешка.“

„Во моментот кога се приближував кон него знаев дека не треба да се омажам со него – имав претчувство. Очекувано, се разведовме.“

„На денот на венчавката се разбудив со чувство дека треба да се завртам и да побегнам, но со сила се натерав да го издржам денот.“

„Некако целата венчавка се претвори во церемонија на која ќе правиме што ТОЈ сака. Моето мислење не вредеше. Тогаш ми беше јасно.“

„Можам да потврдам дека на вереникот му е здодевно со мене, а венчавката е за неполн месец. Се сомневам дека ќе се одржи.“

„За две недели треба да го кажам судбоносното да, но дури денес сфатив дека партнерот кој го одбрав може да ми биде одличен пријател, но не и сопруг.“

„Со сопругот немавме никаква интимност на првата брачна ноќ. Плачев бидејќи длабоко во себе знаев дека повеќе не ме привлекува.“

„Ноќта пред венчавката почнав да плачам. Тогаш за првпат си признав дека не го сакам човекот за кого треба да се омажам.“

„Кога се видов на пробата за венчаницата – се чувствував грозно.“

„Додека се заколнував на вечна љубов на човекот пред мене, постојано мислев на бившиот. Знаев дека тој требаше да биде на негово место.“

„Искрено, сфатив дека морам да ја откажам свадбата во моментот кога вереникот си го замислив како татко на моите деца – и го видов како лош родител.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава