Исповеди на мажи кои се заљубиле во омажена жена

Љубовта не познава граници, но постојат ситуации кога навистина може да биде комплицирана.

ispoved-na-mazhi-koi-se-zaljubile-vo-omazhena-zhena-01.jpg

Ова најчесто важи за „забранетата љубов“, односно кога ќе се заљубите во некој што не смеете.

Таков е примерот на овие мажи кои се заљубиле во жени кои се во брак, а и покрај компликациите од љубовниот триаголник, одбрале да ја продолжат авантурата.

Можеби ќе се пронајдете во нечија приказна, можеби ќе престанете да осудувате, или пак, ќе се предомислите доколку се најдете пред таков предизвик.

Секако, не е лесно како што можеби изгледа од страна, ниту пак забавно, како што можеби е на почетокот.

Погледнете како мажите го доживуваат ова искуство:

„Јас сум другиот маж. Најлошото е што не ни можам да кажам некому. Се обидувам многу да одглумам, но никој не претпоставува низ каков пекол поминувам. Се чувствувам осамено...“

„Ја сакам оваа жена и таа ме сака мене, но знам дека секоја вечер легнува до него, а не до мене. Знам дека никогаш нема да биде моја и тоа ме убива. Боли.“

„Јас сум ѝ личен тренер. Нејзиниот маж плаќа за сесиите. Мислам дека тој почнува да се сомнева. Таа вели дека тој има проблеми со бесот. Знам дека јас можам да се справам, но се плашам за неа.“

„Нејзиниот сопруг се разболе и таа остави сè за да се грижи за него. Тоа ме потсети дека колку и да ме сака, тој секогаш ќе биде поважен од мене.“

„Таа не сака да го остави сопругот заради децата. Никогаш нема да ѝ кажам да го раздели семејството, а јас немам пари за да се грижам за нив.“

„Знам дека ја сакам повеќе од тој што ја сака. Луѓето ме осудуваат, но не е наша вина што не сме се запознале порано.“

„Сонувам за нашата заедничка иднина, но се плашам дека и мене ќе ми го направи истото како него што му прави. Не знам дали се гледа и со некој друг освен со мене и нејзиниот сопруг.“

„Луѓето ги осудуваат оние кои изневеруваат. Се чувствувам како ужасна личност. Некогаш не можам да спијам. Но, што да правам? Ја сакам.“

„Ако можев да го вратам времето, ќе го прекинев ова многу одамна. Сега е многу доцна.“

„Не ни знаев дека е омажена кога почнавме да се гледаме. Бев многу нервозен кога дознав, но веќе бев заљубен во неа.“

„На почетокот мислам дека ни се допаѓаше што ја имаме оваа тајна. Сега не ми се верува дека помислив дека ќе биде забавно. Повредуваме многу луѓе.“

„Се лутам сам на себе бидејќи чувствувам како да пропуштам врски со жени кои се всушност слободни. Можеби некаде има некоја за мене, која не е земена.“

„Едноставно, доаѓа преку глава од криење и прикрадување. Бара премногу работа и труд. Исцрпува исто како да имаш втора работа.“

„Вчера таа ми се јави да ми каже дека нејзиниот сопруг дознал за нашата афера и дека знае кој сум јас и рекол дека ќе платам за тоа. Не знам што да правам.“

„Среќен сум кога сме заедно, но кога сме одвоени мислам дека излудувам. Ми недостасува и се нервирам што е со него. Се чувствувам виновно за тоа што го правиме и потоа се растажувам.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg