Интимни исповеди од 27-годишна девица и од девојка за придружба

Несигурноста околу изгледот на девицата и алчноста по пари на девојката за придружба направиле да не знаат која е убавината на вистинската интимност со личност што ја сакате.

intimni-ispovedi-od-27-godishna-devica-i-od-devojka-za-pridruzba-01.jpg

Во весникот и електронското издание на „The Guardian“ луѓе може да се обратат и да ги искажат своите грижи околу нивниот сексуален живот, а експерти за врски им даваат совети.

Две исповеди на млади девојки одат во крајност:

Исповед на девица:

Јас сум 27-годишна девица. Преслаба сум и сум сексуално неискусна. Кога сум во облека се чувствувам во ред, но кога сум гола не се чувствувам воопшто секси. Главниот проблем е што сум рамна кај градите и изгледам како дете.

Постојано мислам дека не сум им атрактивна на мажите и не ги возбудувам. Немам сексуално искуство и навистина немам самодоверба, што го зголемува проблемот.

Се чувствувам дека никогаш нема да имам секс, ниту нормална врска. Што да направам за да го надминам ова.

Совет од The Guardian:

Иако, е вистина дека одредени типови на тела им се попривлечни на мажите, сепак постои широк спектар на тоа што одговара на вкусот на одреден маж во поглед на големина на гради и други физички атрибути, исто како што важи и за жените и нивниот вкус за машките карактеристики.

Но, важно е да престанеш да се гледаш како објект. Ти не си само тело, ти си личност која е вредна за да биде сакана и посакувана. Која си ти и како се поврзуваш со некој маж е основата на привлечноста. Основата дефинитивно не е големината на твоите гради.

Наместо да се трудиш да се вклопиш себеси во идејата за тоа што мислиш дека мажите би сакале, мора да научиш да го цениш своето тело и да ги откриеш работите што те возбудуваат. Ако имаш слаба фантазија, тогаш започни да читаш книги или да гледаш филмови со еротска содржина и дозволи и на својата имагинација да се разгори.

Истражувај го своето тело сè додека не откриеш што прави да се чувствуваш добро. Така, пред потенцијалниот партнер ќе бидеш посамоуверена, па дури и ќе можеш да му посочиш како сакаш да бидеш задоволена.

Луѓето ги привлекуваат личности кои се сметаат себеси за атрактивни, без разлика на тоа каков тип на тело имаат. Минувај време со луѓе што те ценат, гради ја својата самодоверба и верувај ти си жената која е нечиј сон.

Исповед на девојка за придружба:

Како девојка за придружба заработувам 10 пати повеќе отколку од нормална работа. Природата на мојата работа е нешто како одење на состаноци со клиентите, кои понекогаш завршуваат со секс.

Тие ме носат на ручеци, вечери, дури и патувања, и ми зборуваат за нивниот живот, се забавуваме, некогаш гледаме и филмови. Јас сум им на некој начин терапија и бегство од секојдневните проблеми. Понекогаш на овие мажи им е потребно само некој да си ислуша.

Финансиската придобивка ме тера да го работам ова, но загрижена сум за мојата емоционална состојба. Планирам да престанам кога ќе запознам некој на кој ќе сакам да му се посветам. Но, колку повеќе заработувам, толку потешко се одлучувам за тоа.

Имам секс и со мажи кои не ми плаќаат за тоа, кои сум ги запознала во диско или преку пријатели и ми се допаднале, но кога сум со нив размислувам колку пари би можела да заработам во моментот.

Одделувањето на работата од задоволството ми е навистина тешка. Но, физички ми е истоштувачко, ретко имам слободна ноќ. Започнувам да заборавам што е вистинска интимност. Добра сум да го стимулирам тоа чувство кај другите, но јас не чувствувам ништо.

Совет од The Guardian:

Сопри веднаш. Итно и без оправдувања!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg