Емотивна исповед: „После 30 години во брак, се разведувам од љубовта на мојот живот.“

Постојат парови кои си се заколнуваат на вечна љубов, а чија врска навистина го издржува тестот на времето. Па, остануваат заедно до крајот на животот. Меѓутоа, има и такви, каде дури ни емоциите, ниту пак сите поминати години, за жал не им се доволни да го избегнат тажниот крај.

emotivna-ispoved-posle-30-godini-vo-brak-se-razveduvam-od-ljubovta-na-mojot-zhivot-1.png

Зошто после цели три децении заедно, партнерите би решиле да им се раздвојат патиштата?

Одговорот го пронајдовме во емотивната исповед на анонимна жена, којашто минува низ процесот на развод во 50-тите години од животот. Вели дека со сопругот имале совршен брак, на кој многумина им завидувале. Тој и понатаму е нејзината единствена љубов. Сепак, наспроти сѐ, крајот бил неизбежен.

Ви го споделуваме писмото во целост:

„Потекнуваме од потполно различни средини, но лудо се вљубивме еден во друг. Се венчавме кога јас имав 21, а тој 24 години. Станавме родители на двајца прекрасни синови. Животот ни беше убав. 

Низ годините, заедно минуваме низ разни турбуленции. Кризата во државата не го одмина никого, па ни нас. Пројдовме сѐ и сешто во тој период.

emotivna-ispoved-posle-30-godini-vo-brak-se-razveduvam-od-ljubovta-na-mojot-zhivot-2.jpg

Со сите сили се борев да си го сочувам семејството. Беше долга и исцрпувачка битка - ама успеав. Кога конечно ни се врати мирот, започнавме сѐ одново. Обајцата имавме работа со добра плата, а децата веќе ни потпораснаа. Животот повторно беше убав.

Бескрајно му верував на сопругот. Ако тој ми кажеше дека е дента е петок, за мене така и беше, иако во календарот пишуваше дека е понеделник.

Млад отиде во пензија, додека јас и понатаму продолжив да работам. По извесно време, приметив дека се зближува со една жена. Нивниот однос ми стана сомнителен, затоа што не наликуваше на нормално познанство.

Не ми беше јасно што точно се случува, бидејќи криеше од мене. Стана таинствен. Кога почнав да му барам објаснувања, ми велеше дека претерувам. Наводно не сум гледала добро...

emotivna-ispoved-posle-30-godini-vo-brak-se-razveduvam-od-ljubovta-na-mojot-zhivot-3.jpg

Меѓутоа, забележав дека и со финансиите нешто чудно се случува. Одеднаш, нашите високи примања не ни беа доволни да го истуркаме месецот. Ширум ги отворив очите и ушите, не можејќи да си поверувам во што се претвара мојот сакан маж.

Мојот совршен маж стана помалку совршен. Мојот забавен и шармантен маж беше таков само надвор и во друштво. Дома беше воглавно нерасположен и отсутен со мислите.

Кокетираше со секоја женска особа што му се се допаѓаше, дури и во мое присуство. Кога ќе се побунев, пак добивав коментар дека си замислувам. Инсистирав да се промени. Не знам колку пати ги водев истите разговори со него. Отидов и кај психолог, верувајќи дека јас некаде грешам.

Повеќе од две години траеше ваквата состојба. Пред десетина дена, одново дојде до жолчна расправија поради телефонот на сопругот. Среде кавгата, буквално му реков: „Јас тебе веќе ништо не ти верувам. Воопшто не ти верувам.“. А, неговиот одговор гласеше: „Тогаш можеби треба да се разведеме.“

emotivna-ispoved-posle-30-godini-vo-brak-se-razveduvam-od-ljubovta-na-mojot-zhivot-4.jpg

Се сложив. Уште истиот ден се отсели од нашата спална соба – првпат по скоро 31 година. Се договоривме да се разделиме на пристоен начин, како и да се обидеме да останеме во добри односи, првенствено поради нашите, сега веќе возрасни деца. Го ставивме семејниот дом на продажба, па секој од нас си бара стан за себе.

Тешко ми е. Гледам дека и нему очите му се полнат со солзи, кога и да правиме муабет околу поделбата на заедничкиот имот. Срцето ме боли. Ми доаѓа да се откажам од сѐ, силно да го гушнам и да му кажам: „Еј, па ние сме тие со совршениот брак! Што правиме?“.

Меѓутоа, знам дека ниту јас, а ни тој ќе го направи ова. Ќе се оставиме засекогаш. Се чувствувам како некој да ми ја растргнува кожата. Ужасна е болката. Сепак, ја преминавме границата и нема враќање.

emotivna-ispoved-posle-30-godini-vo-brak-se-razveduvam-od-ljubovta-na-mojot-zhivot-5.jpg

Моментално читам текстови на интернет. Во педесеттите години сум и се прашувам што да правам со својот живот после разводот. Пронајдов секакви совети, освен како да ја закрпам оваа дупка што ми се шири во градите. Ама, силна сум јас – веројатно ќе успеам.“

M. A | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg