Женски искуства: Што ми се случи после сексот за една вечер?

Кога одлуките се носат набрзина, неретка е разочараноста што воопшто сте ги донеле. За многумина, сексот за една вечер е токму таква одлука.

zhenski-iskustva-shto-mi-se-sluchi-posle-seksot-za-edna-vecher-1.png

Впуштањето во интимни односи со странец се чини како возбудлива идеја. Непознатото отсекогаш ја скокоткало човековата љубопитност. Меѓутоа, крие и одредени опасности. Или во најмала рака – бламажи.

zhenski-iskustva-shto-mi-se-sluchi-posle-seksot-za-edna-vecher-2.jpg

Споделувајќи ги своите искуства на оваа тема, неколку жени открија им се случило после сексот за една вечер:

„Утрото после сексот, се обидов скришум да се искраднам од куќата на фраерот. Меѓутоа, во ходникот ме затекнаа неговите родители. Сакаа да останам на појадок за да се запознаеме. Јас сепак киднав.“

„По сексот за една вечер, се завртев кон него и извикнав: „Побрзај и оди си! Маж ми ќе си дојде за некоја минута!“. Изразот на неговото лице беше непроценлив. Патем - не сум мажена.“

zhenski-iskustva-shto-mi-se-sluchi-posle-seksot-za-edna-vecher-3.jpg

„После сексот излегов низ прозорец, бидејќи имаше куче пред вратата од куќата. Подоцна се сетив дека сум си го заборавила паричникот, па морав пак да се враќам.“

„По сексот за една вечер, секогаш ми се јавува другарката. Вреска на телефонот, за да испадне дека нешто страшно се случило, па заради тоа морам да си заминам.“

„Спиев со позната личност. Дури следното утро сфатив со кого сум ја поминала ноќта, па веднаш фатив магла. Никогаш не ми било толку срам.“

zhenski-iskustva-shto-mi-se-sluchi-posle-seksot-za-edna-vecher-4.jpg

„Се смувавме една саботна вечер, по што завршив со него во кревет. Му побегнав следното утро. После неколку дена морав да појдам на лекар. Тоа беше мажот со кого спиев. Ужас.“

„Му реков дека ми е драго што сме се запознале, се ракував со него и си излегов да чекам такси.“

„Ми беше досадно во кревет. Почнав да го грепкам со ноктите по грбот, но претерав несакајќи. Прекина во истиот момент и ме избрка.“

zhenski-iskustva-shto-mi-se-sluchi-posle-seksot-za-edna-vecher-5.jpg

„Паднав по скали после сексот. Тој се разбуди, ја отвори вратата и виде што се случило, па ја затвори вратата и си се врати во кревет.“

„Типот ми рече дека ме сака. Само станав и си отидов.“

zhenski-iskustva-shto-mi-se-sluchi-posle-seksot-za-edna-vecher-6.jpg

Ги забележувате ли разликите во односот помеѓу партнерите за еднократен секс, наспроти двојките кои се во љубовна врска?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...

Најчитани неделава