8 женски потези кои значат флерт, но нема да ве направат очајни за внимание

Да се соочиме со вистината – кога некој ни се допаѓа не бираме средства со кои ќе ја постигнеме целта.

8-zenski-potezi-koi-znacat-flert-no-nema-da-ve-napravat-ocajni-za-vnimanie-01.jpg

Но, ако не сте сигурни дека симпатиите ви се возвратени, не треба да бидете очајни за внимание.

Обидете се со овие 8 суптилни потези кои за мажите значат флерт, но без сите околу вас да забележат:

1. Насмевнете се и мафнете кога ќе го видите.

Лош потег: Трчање и силно, долго гушкање, доколку не се познавате добро.

2. Загледајте го во очи додека му зборувате.

Лош потег: Поставување прашања околу тоа како изгледате и дали му се допаѓа тоа што го носите.

3. Раскажете му нешто тивко, на уво, додека сте во гужва.

Лош потег: Шепкање кога сте на тивко место, со уште неколку пријатели.

4. Нежно префрлете ја косата од една на друга страна додека му зборувате.

Лош потег: Нападно допирање за рака или нога.

8-zenski-potezi-koi-znacat-flert-no-nema-da-ve-napravat-ocajni-za-vnimanie-02.jpg

5. Допрете ги усните додека нешто раскажувате.

Лош потег: Изведување на било каква „секси“ поза при наведнување.

6. Дајте му комплимент за нешто конкретно, без разлика дали е постапка или парче облека.

Лош потег: Допирање на неговото лице додека зборува.

7. Нежно допирање на раката или рамото додека ви раскажува нешто.

Лош потег: Имитирање на неговите гестикулации кога не е во околина.

8. Додека си одите, завртете се и насмевнете се, па продолжете по патот.

Лош потег: Филмско запишување на бројот на салфетка и очигледно подавање.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава