Според мажите: Што треба жените почесто да прават во кревет?

Постојат нешта кои силно ги возбудуваат припадниците на посилниот пол во постелата. Сепак, жените неретко ги избегнуваат, чувствувајќи срам или страв од реакцијата на партнерот. Непотребно – би се сложиле мнозинството мажи.

spored-mazhite-shto-treba-zhenite-pochesto-da-pravat-vo-krevet-1.png

Што треба жените почесто да прават во кревет? Дознајте од искрените одговори на неколку мажи: 

1. Овозможете му добар поглед

„Ние мажите сме повеќе визуелни типови. Затоа ги сакаме позите каде може добро да видиме сè што се случува. Жена ми дури не ни чека јас да ѝ кажам која поза ми е на ум. Веќе знае дека најголемо задоволство ми причинуваат оние со кои ќе можам да го гледам нејзиното тело.“

spored-mazhite-shto-treba-zhenite-pochesto-da-pravat-vo-krevet-2.jpg

2. Изненадете го

„Еднаш девојка ми ме одведе на скриена плажа за време на летувањето, па ми пружи моменти за паметење. Не велам дека истото треба да го повториме и на места каде може да нè фати полиција. Меѓутоа, дефинитивно ги сакам сите видови на изненадувања од партнерката. Да ми приреди нешто кое малку отстапува од страндарната рутина.“

spored-mazhite-shto-treba-zhenite-pochesto-da-pravat-vo-krevet-3.jpg

3. Покажете му што сакате

„Секогаш со драга волја ги прифаќам наредбите. Сакам кога девојката ќе ми каже, или, пак, ќе ми покаже што сè сака, што ѝ одговара и што би сакала да ѝ правам. Преземањето иницијатива е секси, а јас сум тука за целосно да ѝ угодам.“

spored-mazhite-shto-treba-zhenite-pochesto-da-pravat-vo-krevet-4.jpg

4. Бидете гласни

„Верувале или не, мажите се всушност несигурни во кревет, дури и кога знаат што прават. Затоа ни е важно да имаме и аудио потврда дека жената ужива. Тогаш знаеме дека навистина правиме сè како што треба.“

spored-mazhite-shto-treba-zhenite-pochesto-da-pravat-vo-krevet-5.jpg

5. Воспоставете контакт со очите

„Сакам кога ме гледа директно во очи во клучните мигови. Има нешто неверојатно во тоа. Веднаш ме пали нејзиниот поглед и изразот на лицето.“

spored-mazhite-shto-treba-zhenite-pochesto-da-pravat-vo-krevet-6.jpg

6. Покажете ентузијазам

„Нема ништо полошо од потполно незаинтересирана партнерка. Ти се трудиш и работиш на случајот, а од нејзина страна нема никаква соработка. Сакам да видам малку ентузијазам, или барем да добијам некаков одговор на она што го правам, одобрување, што и да е.“

spored-mazhite-shto-treba-zhenite-pochesto-da-pravat-vo-krevet-7.jpg

7. Запалете светло

„Жените секогаш се оптоваруваат со тоа дали добро ги избричиле нозете, или, пак, создаваат драма околу стомакот, па го гасат светлото. А, нам сето ова ни е неважно. Тоа се работи кои воопшто не ги приметуваме. Едноставно сме возбудени поради сè што се случува. Само сакаме да уживаме во целото тело на својата партнерка. Затоа, нема ништо подобро од сексот со запалено светло.“

spored-mazhite-shto-treba-zhenite-pochesto-da-pravat-vo-krevet-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg