Мажите анализираат повеќе од очекуваното: Ситници по кои можат да ја проценат жената

Постои верување дека мажите не обрнуваат внимание на деталите кај жените и дека се многу „површни“ во тој поглед.

7-raboti-za-zhenite-na-koi-mazhite-potajno-obrnuvaat-vnimanie-01.jpg

Сепак, тоа не е вистина, бидејќи има многу мажи кои забележуваат ситници во женскиот изглед или однесување, за кои вие не сте ни свесни.

Затоа, добро е да знаете кои се работите кои потајно тие ги забележуваат и влијаат на нивното мислење за вас.

Неколку детали кои мажите ги забележуваат кај жените, според специјалисти:

Изразот на лицето открива емоции

Немојте да мислите дека мажите не знаат да читаат емоции од лицето, бидејќи тие можат да забележат многу повеќе од солзи и насмевка.

Тие забележуваат неискреност во ладниот поглед, како и емоција на разочарување, ако усните ви се собрани.

7-raboti-za-zhenite-na-koi-mazhite-potajno-obrnuvaat-vnimanie-02.jpg

Бојата на облеката има значење

Сите знаат дка боите влијаат на нашето расположение, емоции, па дури и апетит.

Па така, црвената симболизира енергија и страст, црната – елеганција, срамежливост и стабилност, а розовата – топлина и нежност.

Па, кога жената ќе одбере некоја од овие бои за состанок со партнерот, таа праќа несвесно сигнал за нејзиното расположение.

7-raboti-za-zhenite-na-koi-mazhite-potajno-obrnuvaat-vnimanie-03.jpg

Што значи ако пее под туш?

Кога сме под туш, сме сами, смирени и не се срамиме, па нивото на стрес се намалува, а мозокот лачи допамин, што ни предизвикува пријатно чувство.

Па така, најчесто во тие моменти сите почнуваат да си пеат и тоа му помага на човекот да се „рестартира“ и релаксира, без разлика дали има некој друг во домот.

Токму тоа го забележуваат мажите, бидејќи им е значајно да одредат какво е расположението на нивната партнерка.

7-raboti-za-zhenite-na-koi-mazhite-potajno-obrnuvaat-vnimanie-04.jpg

Начинот на пишување пораки има позадина

Ретко кој отворено разговара за своите емоции, но несвесно може да откриеме многу работи за себе преку начинот на зборување, па и по пишувањето пораки, посебно жените.

Затоа мажите успешно можат да дешифрираат некои знаци кои ги добиваат преку пораките на жените и го откриваат карактерот на жената.

Честите фрази како „Јас сакам/Јас се чувствувам“, значат дека личноста е фокусирана само на себе, а доколку пак често споменуваат фрази како „Се колнам/Верувај ми“, може да значат дека лажат.

7-raboti-za-zhenite-na-koi-mazhite-potajno-obrnuvaat-vnimanie-05.jpg

Ги забележуваат и пијалаците кои таа ги пие

Бело вино и морски плодови, џин тоник со пријателки, а црвено вино кога е под стрес. Изборот на пијалак, исто како и оној со облеката, може да открие многу за личноста.

Некои мажи обрнуваат внимание на ова за да знаат што да нарачаат следно, а други, за да го откријат моменталното расположение на жената.

Тие исто така забележуваат и дали жената пие бидејќи ужива во вкусот од време навреме, или пие од зависност.

7-raboti-za-zhenite-na-koi-mazhite-potajno-obrnuvaat-vnimanie-06.jpg

Каква облека бира за да импресионира

Да, мажите обрнуваат многу внимание на облеката, посебно на изборот кога треба жената да ги импресионира.

Не ги интересираат брендови, колекција или цена, но обрнуваат внимание на чувството за елеганција, стил и сексуалност.

По тоа може да се открие и нејзиниот однос кон мажот – ако излезе на состанок во прекрасен фустан со средена коса, веројатно е заинтересирана за него, но доколку излезе како секое вообичаено излегување од дома, веројатно не сака ништо повеќе од пријателство.

7-raboti-za-zhenite-na-koi-mazhite-potajno-obrnuvaat-vnimanie-07.jpg

Какво јадење нарачува на состанок

Во повеќето случаи, на љубовните состаноци во ресторан, жените нарачуваат салата или мала порција храна.

Тие со тоа сакаат да покажат дека се фит, здрави и внимаваат на линијата и исхраната, но всушност може да постигнат негативен ефект.

Жените кои на првите состаноци јадат салати, изгледаат срамежливо и несамоуверено, а како резултат на тоа се помалку привлечни, од оние кои не се срамат да се покажат во вистинско светло и да нарачаат порција месо или бургер.

Секако, ова не важи во сите ситуации, туку само во оние каде жената се однесува поразлично од она што всушност е само за да остави некој лажен впечаток.

7-raboti-za-zhenite-na-koi-mazhite-potajno-obrnuvaat-vnimanie-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg