Влијае негативно на плодноста + 4 други митови за мастурбацијата

Самозадоволувањето му влијае позитивно на вашето тело и нема потреба да имате предрасуди во врска со тоа.

vlijae-negativno-na-plodnosta-plus-4-drugi-mitovi-za-masturbacijata-001.jpg

Со самозадоволувањето покажувате љубов кон своето тело и нема ништо лошо во тоа.

За жал, сè уште постојат голем број митови за мастурбацијата:

МИТ 1: Мастурбирањето често е лошо за вас.

Сè додека не ви влијае на нормалното темпо на живот е сосема во ред.

vlijae-negativno-na-plodnosta-plus-4-drugi-mitovi-za-masturbacijata-01.png

МИТ 2: Мастурбирањето ве прави неплодни.

Самозадоволувањето кај мажите не им влијае на квалитетот на спермата, ниту самозадоволувањето кај жените влијае на нивната плодност, потврдуваат докторите.

Кај мажите може да се почувствува разлика во бројот на сперматозоиди ако се самозадоволуваат по неколку пати на ден, но ситуацијата ќе се врати во нормала по само 12 до 24 часа пауза.

vlijae-negativno-na-plodnosta-plus-4-drugi-mitovi-za-masturbacijata-03.png

МИТ 3: Само мажите мастурбираат.

Сите сакаат оргазми, па така огромен е бројот на жени што мастурбираат, но тие не зборуваат јавно за тоа како мажите.

МИТ 4: Постои правилен начин за мастурбација.

Не постои, треба да го истражувате своето тело и да дознаете што му годи. Со самозадоволување психички ќе се опуштите и ќе се поврзете со своето тело.

Секс експертите тврдат дека мастурбацијата позитивно влијае на сексуалноста.

vlijae-negativno-na-plodnosta-plus-4-drugi-mitovi-za-masturbacijata-02.png

МИТ 5: Нема придобивки од мастурбацијата.

Погрешно. Мастурбацијата ви ги опушта мускулите, ве ослободува од стресот, а кај жените може да помогне и во намалување на ПМС симптомите, како болки во стомакот.

Се ослободува ендорфин, хормон кој ја блокира болката и ја поттикнува среќата. При оргазам, исто така, се ослободува хормонот на среќа допамин и ви помага да заспиете полесно.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава