Грешки кои треба да ги избегнете во првите неколку месеци од врската


Грешки кои треба да ги избегнете во првите неколку месеци од врската

Нема ништо повозбудливо од почнувањето нова љубовна врска. Кога ќе ја најдете личноста со која почнувате нова романтична приказна, одеднаш сè добива поинаква смисла.

greski-koi-treba-da-gi-izbegnete-vo-prvite-nekolku-meseci-od-vrskata-01.jpg

Но, не треба да се водите по правилото „љубовта е слепа“, бидејќи вистината е многу поразлична.

Љубовта нема долго да замижува пред следниве грешки, затоа избегнувајте да ги правите во првите неколку месеци, за да остварите посилна конекција:

1. Избегнувајте искажување длабоки емоции по неколку недели гледање.

2. Не прекинувајте да ги правите работите кои ви причинуваат лично задоволство.

3. Не ги игнорирајте сомнежите кои ги имате.

4. Избегнувајте сериозни планови и теми за иднината (заеднички живот, прстен, свадба).

5. Не зборувајте и не ги анализирајте грешките и постапките на бившиот/бившата.

greski-koi-treba-da-gi-izbegnete-vo-prvite-nekolku-meseci-od-vrskata-02.jpg

6. Не се „пикајте“ во неговото/нејзиното друштво.

7. Не ја кријте врската на социјалните мрежи, но не претерувајте со споделување на детали.

8. Избегнувајте да бидете план Б, кога неговиот/нејзиниот план А нема да успее.

9. Не се потпирајте на физичката привлечност.

10. Не претерувајте ниту со толеранцијата. Во ред е да кажете кога нешто ви пречи.

11. Избегнувајте да „претпоставувате“ како се чувствува и што мисли. Прашајте.

12. Не го/ја испрашувајте за претходниот/претходната. Кога ќе дојде времето сам/а ќе сподели.

13. Избегнувајте мисии во кои го/ја следите. Оваа грешка не треба да ја правите никогаш, не само во првите месеци.

14. Не се обидувајте да вршите притисок да ве запознае со семејството.

15. Не ги игнорирајте неговите/нејзините реакции во тензичните ситуации.

greski-koi-treba-da-gi-izbegnete-vo-prvite-nekolku-meseci-od-vrskata-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што не треба да правите веднаш после секс? Иако после секс никој не сака да има други обврски, сепак кога станува збор за з...
Непријатни знаци дека раскинувањето било единствената правилна одлука ... Иако ви беше тешко, одлучивте да ја раскинете врската која ве правеше несреќни. ...
10 љубовни грешки кои тивко ја убиваат врската Сеедно е дали сте маж или жена. Доколку постапувате на вакви начини, полека но с...