Кога веќе нема избор - Како лесно, достоинствено и безболно да ставите крај на бракот?

Разводот е комплексен процес пропратен со многу стресни ситуации, финансиски загуби и промена на животот.

koga-vekje-nema-izbor-kako-lesno-dostoinstveno-i-profitabilno-da-stavite-kraj-na-brakot-01.jpg

Секако, никогаш не е препорачливо, но доколку дојде до тоа, добро е барем да знаете како најдобро да се справите со овој предизвик.

Важно е да знаете неколку принципи кои ќе ви помогнат да го преживеете полесно процесот на разведување и да излезете со помала загуба.

Погледнете дел од нив:

Бидете 100% сигурни во одлуката

Разводот е трауматичен настан не само за вас, туку и за вашиот партнер, доколку имате деца, посебно за нив, па дури и за останатите блиски роднини.

Затоа, пред да се одлучите за овој чекор, осигурајте се за две работи:

1. Дека сте направиле сè за да го спасите бракот и дека понатаму нема да ви се појават скриени чувства, бидејќи сте ја донеле одлуката без да размислите.

2. Дека ова е балансирана и заедничка одлука која ќе доведе до квалитетни промени во животот на двајцата.

koga-vekje-nema-izbor-kako-lesno-dostoinstveno-i-profitabilno-da-stavite-kraj-na-brakot-02.jpg

Прифатете го фактот дека тоа е единствениот правилен начин

За време на овој период на разведување, многу работи ќе ви се чинат тешки за поднесување и може да паѓате под многу искушенија.

Но, откако ќе ја донесете одлуката, мора да се помирите дека тоа е најдоброто решение и не треба да патите за тоа и да си го уништувате животот.

Сфатете дека тоа било за вашето добро и после одреден период нормално е да го надминете тоа, а не да се сожалувате и да запаѓате во поголеми неволји уште пред официјално да се разведете.

koga-vekje-nema-izbor-kako-lesno-dostoinstveno-i-profitabilno-da-stavite-kraj-na-brakot-03.jpg

Имајте на ум дека поскапиот адвокат не е секогаш најдобриот

Изборот на адвокат не треба да го направите според цената која ќе ви ја наплати, туку најдобро е да се распрашате кај луѓе од искуство.

Освен што ќе го води случајот, тој треба да ги ислуша вашите мислења и желби и да го заслужи секој денар што ќе го платите.

Способноста за постигнување компромис ќе ви биде предност

Во нешто вие ќе победите, но нешто ќе изгубите. Затоа важно е да правите компромиси и паметно да постигнете што подобар резултат за двете страни, без притоа да покажете слабост.

Секако, можеби ќе бидете полни со бес и ќе сакате жестока битка, но нема да добиете ништо позитивно од тоа – само повеќе проблеми и маки.

Обидете се што побрзо и побезболно да го завршите целиот процес, доволно е и тоа што досега се случило, не мора да додавате уште проблеми.

koga-vekje-nema-izbor-kako-lesno-dostoinstveno-i-profitabilno-da-stavite-kraj-na-brakot04.jpg

Не дозволувајте емоциите да ги водат вашите финансиски одлуки

Доколку работа стане сериозна и дојде до делење на работите, немојте да правите драма за ситници и да не се откажувате од нешто што било скапо, но го купил вашиот партнер.

Но, исто така и немојте да се откажете веднаш од сè што сте стекнале заедно, само заради самодоверба.

Кога ќе дојде до ова, мора да бидете ослободени од стрес и гнев и со ладна глава да направите најдобар договор што може.

Заклучок

За жал, понекогаш колку и да се трудите, исходот ќе биде негативен за едниот од вас, посебно кога имате и деца.

Затоа, бидете подготвени дека победата не е секогаш загарантирана, па намалете ги очекувањата за да не се разочарувате премногу.

koga-vekje-nema-izbor-kako-lesno-dostoinstveno-i-profitabilno-da-stavite-kraj-na-brakot-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава