Работи кои искусните луѓе никогаш не ги прават за доброто на партнерот и врската

Критикување еден со друг

Можеби сте во лошо расположение, сте имале неуспешна фризура или шегата не ви звучела смешно, но работата на партнерот е да ве поддржува.

Со критикување и навредување нема ништо да се реши, напротив ќе создадете гнев еден кај друг, а тоа предизвикува дури и разделба доколку е во прекумерни граници на нормала.

raboti-koi-iskusnite-lugje-nikogash-ne-gi-pravat-za-dobroto-na-partnerot-i-vrskata-06.jpg

Љубомора на ситници

Многу луѓе веруваат дека ако партнерот љубомори, значи дека му значите и ве сака, но тоа не е вистина, туку се заснова на недоверба и прекумерна желба за контрола.

Не барајте причина да го фатите партнерот во неверство, развијте самодоверба и зајакнете ја врската и односот, бидејќи не е смислата на животот во контролирањето и лошите мисли.

raboti-koi-iskusnite-lugje-nikogash-ne-gi-pravat-za-dobroto-na-partnerot-i-vrskata-07.jpg

Избегнување разговор за минатото

Не треба врската да ви се заснова врз минатото и претходните врски, но важно е да знаете кој низ што поминал и што очекува од вас.

Не е неопходно, но не треба целосно да се избегнува разговорот за минатото, бидејќи некогаш тоа е подобро за градење на поуспешна иднина.

Не ги откривајте сите детали, но зборувајте за она што сте го заклучиле од претходното искуство и она што сега го очекувате во иднина.

raboti-koi-iskusnite-lugje-nikogash-ne-gi-pravat-za-dobroto-na-partnerot-i-vrskata-08.jpg

Претерана зависност од заеднички селфија

Иако изгледаат безопасно, сепак претераното правење заеднички селфи фотки, може да значи и дека врската не е толку силна, бидејќи се фокусирани на тоа другите да ве видат, да соберете лајкови и коментари, наместо да обрнете внимание на односот помеѓу вас без да се оптоварувате со другите.

raboti-koi-iskusnite-lugje-nikogash-ne-gi-pravat-za-dobroto-na-partnerot-i-vrskata-09.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава