10 работи кои никој не ви ги кажува за врските, а се случуваат

10-raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazal-za-vrskite-a-se-sluchuvaat-001.jpg

Понекогаш е навистина розово, но неретко е далеку од розово...

За која страна на врските луѓето не зборуваат отворено:

- Нема да се согласувате за сè. Понекогаш ќе се објаснувате до истоштување, но нема да пронајдете заедничко гледиште.

- Тоа што ќе го прикажувате на социјалните мрежи нема да бидете реалната слика за вашата врска. Вие нема да прикачите фотки од миговите кога се карате на цел глас и плачете.

- Карањето е нормално. Сите парови имаат несогласувања и тоа е сосема во ред, сè додека и за време на кавгите се почитувате еден со друг.

- На моменти врската ќе ви биде здодевна. Никој не сака да го признае ова, но има и вакви фази, кога сè е предвидливо и стабилно.

- Градењето на цврста врска е навистина тешко. Потребно е многу време, напор и балансирање и дури и најсилните парови се соочуваат со предизвици.

- Може да ве привлече некој друг додека сте во врска. Ако сте вљубени во партнерот, не значи дека сите сетила ви се исклучени. Сè додека сте свесни за ситуацијата и не паѓате пред искушението, во ред е.

- Поранливи сте од кога било. Кога има љубов, тогаш ќе има и мигови кога чувствувате дека се распаѓате. Личноста која ја сакате многу има моќ да ве повреди повеќе од кој било друг во животот.

- Веќе не сте само вие. Кога носите одлуки е два пати потешко, затоа што сега размислувате како ќе се рефлектираат тие на вас, но и на другата личност.

- Вашата сексуална енергија ќе се промени. На почетокот сè ќе ви биде ново и возбудливо, а потоа ќе има периоди кога ќе немате желба за секс.

- Тоа што ве привлекло, може сега да ви е одбивно. Чудно, но нормално е некоја карактеристика на партнерот со текот на времето да ви стане одбивна.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава