Зошто жените „паѓаат“ на зафатени мажи?

Голем дел од жените кои се сингл чувствуваат привлечност кон зафатени мажи, без разлика дали тие се во врска или брак.

Zosto-zenite-pagjaat-na-zafateni-mazi-01.jpg

Причината поради ова однесување се крие во т.н. „Икс фактор“, односно „она нешто“ со кое се одликуваат мажите кои имаат партнерки.

Психолозите ги објаснуваат причините кои стојат зад ова однесување:

Забранетото овошје е послатко

Можеби ќе речете дека ова е тажно, но вистинито. Сè што ни е забрането, го посакуваме. Колку понедостапно ни е, толку повеќе се опседнуваме со истото.

Тоа е едноставно дел од човековата психологија и само најупорните се и истрајни на оваа тема. Навистина треба фокус и внимание да се остане во моногамна врска во текот на целиот живот.

Ваквите мажи се подготвени на сериозна врска

Слободните жени кои се во потрага по сериозна врска сметаат дека наспрема несериозните „фраери“ за една вечер, оженетите мажи веќе се имаат обврзано, што по нивната логика значи дека немаат страв од обврски.

Ова секако е прилично погрешен став на кој се темели размислувањето.

Одговорни се

Иако бракот нужно не подразбира и одговорност, статистиката е на страната на мажите кои веќе го кажале судбоносното „да“. Истражувањата потврдиле дека најголем дел од оженетите мажи се вработени, солидно ситуирани и многу одговорни кога е во прашање нивното семејство.

Иако ова не секогаш е случајот, оваа особина е прилично позитивна и ги привлекува жените.

Не се плашат да ги искажат чувствата

Навистина не е лесно да се пронајде маж кој ќе биде отворен, искрен и ќе умее да ги покаже своите чувства.

Но, жените често имаат впечаток дека мажите кои се во брак пред своите партнери не кријат скоро ништо, а емоциите не се исклучок.

Токму затоа, оженетите мажи делуваат како магнет.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава