Прочитајте го - пет знаци дека е опасно вљубен во вас

Само „те сакам“ не е секогаш доволно за да бидете сигурни дека неговото срце е целосно ваше. Научете да го читате и неговото однесување.

Prochitajte-go-pet-znaci-deka-e-opasno-vljuben-vo-vas-01.jpg

Во една врска, не мора да чекате партнерот отворено да ги каже оние две зборчиња со кои ќе ви изрази љубов. Обрнете внимание на она што во меѓувреме тој го прави за вас.

Со месеци однапред го планира заедничкиот одмор

Ако сте ја почнале врската во зима, а веќе разговарате за летниот одмор, тоа значи дека и двајцата имате планови еден за друг и дека не треба да се сомневате во сериозноста на вашиот однос. Ова е знак дека сака да поминува време со вас и дека е подготвен да биде дел од вашата иднина.

Ги обожава вашите лудости

Постојат некои луди нешта кои девојките и жените ги прават, а мажите ги обожаваат. На пример, пеење при туширање или некој луд танц додека подготвуваат кафе. Забележете како се однесува кон тие ваши лудости и ако му се симпатични, па дури и ако ви се придружува, тогаш е вљубен во вас.

Сака да биде близок со вашите блиски

Ако се труди да биде фин и коректен со вашите пријатели и семејство, па дури и да се спријатели со нив, тогаш му значи да биде близок со вашите блиски. Очекувајте дека ќе сака и вие да го направите тоа за членовите на неговото семејство и пријателите.

Плановите ги поврзува со вас

Паровите кои не планираат заедничка иднина, не ни зборуваат за неа. Па така, ако ја кроите иднината земајќи ги предвид обврските на другиот, тоа значи дека сакате да направите сè за ништо да не застане на вашиот пат. Замислете колку е слатко кога ќе дознаете дека веќе извесно време штеди, за да може да ви купи убав подарок за некој од јубилеите во врската.

Делите исти вредности

Можеби не обожавате исти музика и филмови, но кога се животните теми во прашање, сте на иста бранова должина. Често, во вакви врски, парот има визија каде се гледаат во следните неколку години, планираат заеднички живот, а можеби и создавање семејство.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg