7 нешта што луѓето ги прават поради страв од скршено срце

Дури и кога не се свесни за тоа, некои луѓе прават нешта само поради тоа што им е страв да бидат оставени и со скршено срце.

7-neshta-shto-lugjeto-gi-pravat-poradi-strav-od-skrsheno-srce-01.jpg

Кршењето на срцето е состојба која сериозно може привремено да ги наруши нашите когнитивни способности, како и здравиот разум. Кога еднаш ќе се случи, многумина потоа креваат ѕидови околу себе и не дозволуваат никој да им пристапи.

Понекогаш, симптомите на скршено срце и страв од напуштање се манифестираат потсвесно, без да сме свесни што всушност правиме.

Ова се само неколку од нештата што ги правите, често несвесно, а кои покажуваат дека е време да го надминете стравот:

1. Избирање партнер кој не сака да се врзе

Со тек на време станавте експерт во избирање партнери кои не сакаат да се врзат, колку и да ви се допаѓаат или да сте вљубени во нив.

Се вели дека го привлекувате вистинскиот партнер тогаш кога сте подготвени за врска, а не можете да бидете подготвени ако уште сте ужаснати од нешто што одамна поминало.

2. Барате одобрување практично за сè

Внимавајте на својата потреба да добиете одобрување или пофалба од сите за она што го правите. Исто така, не се извинувајте за нешта за кои не треба да се извинувате.

Луѓето кои се вредни за вашето внимание ќе имаат и повеќе трпение и толеранција за вашите евентуални грешки, без да треба претерано да се правдате.

7-neshta-shto-lugjeto-gi-pravat-poradi-strav-od-skrsheno-srce-02.jpg

3. Имате став „сè или ништо“ за одредени нешта

Стравот од кршење на срцето успева да ве претвори во личност која знае само за „да“ или „не“. Или целосно блокирате нешто или пак, премногу дозволувате.

Доколку постои баланс, ќе се намали и стравот кој неоправдано го носите.

4. Тежнеење кон перфекционизам

Модерните начини на врзување велат дека не треба да се врзете со некој кој не ви одговара. Вистината е дека нема да најдете 100% компатибилна личност и треба да се помирите со тоа.

Наместо да барате пефрекција, најдете добра личност која знае да ве почитува и подгответе се на одредени компромиси во име на добриот однос.

5. Обиди да го предвидите исходот

Кога гледате филм или читате книга, секогаш можете да извртите до крајот или да ја прочитате последната страница и да се подготвите на исходот.

За жал, во реалниот живот ситуацијата не е таква и не можете сè да контролирате. Оние кои знаат да уживаат во моментот, никогаш не мислат на тоа како истиот ќе заврши.

7-neshta-shto-lugjeto-gi-pravat-poradi-strav-od-skrsheno-srce-03.jpg

6. Хуморот како одбранбен механизам

Ако се водите од тоа дека ако се смеете и ги смеете другите, болката ќе биде помала, тогаш нема да постигнете ништо, освен потиснување и камуфлирање на реалните емоции.

7. Давање сè од себе за нешта кои знаете дека се привремени

Ако ја правите оваа грешка, тоа значи дека прикривате нешто поголемо и подлабоко. Потребно е да ја преиспитате својата емотивна состојба и да престанете да вложувате во нешта што се привремени и помалку важни за вас и да се сконцентрирате на она што е посуштинско.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg