Како да препознаете дали партнерот губи интерес или само му треба простор?

Нема врска која не доживеала кризен период, по кој или завршува или се зацврстува.

kako-da-prepoznaete-dali-partnerot-gubi-interes-ili-samo-mu-treba-prostor-01.jpg

Постои голема разлика кога вие или вашиот партнер го губите интересот или пак,  само ви е потребен повеќе простор. Ова почесто се случува во тазе врските, особено кога партнерите не се познавале доволно добро пред да започнат.

Сепак, во која фаза и да сте од врската, не треба да избрзувате со заклучоци. Иако може да ви се чини дека другата страна губи интерес, еднакво е можно и да им се потребни два до три дена простор за себе.

Во овој случај најдобро е да бидете отворени и истото да го побарате од партнерот, за да имате време да го решите проблемот најдобро и за двете страни.

kako-da-prepoznaete-dali-partnerot-gubi-interes-ili-samo-mu-treba-prostor-02.jpg

Следете ги следниве знаци, за да можете полесно да заклучите во што е проблемот, но не се држете само до нив и бидете внимателни со одлуката:

1. Се караат за ситници

Значење: Потребен им е простор

Ако имате добра комуникација, партнерот ќе биде искрен дека му треба простор. Но, ако тоа ги прави нервозни, ќе бараат причина за расправија во секоја ситница.

Во овој случај дајте им до знаење дека ги разбирате и дека што е до вас, имаат простор колку што им е потребно.

kako-da-prepoznaete-dali-partnerot-gubi-interes-ili-samo-mu-treba-prostor-03.jpg

2. Им треба премногу време да одговорат на повик или порака

Значење: Потребен им е простор

Ако на партнерот му е потребно значајно подолго време да ви одговори на порака, можеби му е потребно да одмори од мобилниот телефон или пак, од вас.

Како и за сè друго, така и за овој случај е потребна комуникација. Кажете што ви пречи и кои се вашите очекувања, но ислушајте го и партнерот, па направете компромис.

3. Порезервирани се од претходно

Значење: Потребен им е простор

Секогаш постои причина ако партнерот наеднаш се оддалечи и стане порезервиран во односот. Разговарајте и обидете се да заклучите дали нешто сте згрешиле или едноставно, треба да оставите повеќе простор.

Дајте доволно време и ќе видите што точно се крие зад оваа резервираност, па ќе можете и соодветно да реагирате на ситуацијата.

kako-da-prepoznaete-dali-partnerot-gubi-interes-ili-samo-mu-treba-prostor-05.jpg

4. Врската веќе не им е приоритет

Значење: Изгубиле интерес

Ако поминувате сè помалку време заедно, немате физичка близина и постојано ви напоменува дека има и свој живот, многу е веројатно дека врската веќе е на стаклени нозе.

Но, доколку ве држи до себе, поради своја сигурност, постапете попаметно и повлечете се, пред да бидете повредени или искористени за пополнување време.

5. Расположението драстично им е променето

Значење: Изгубиле интерес

Ако забележите необична промена во расположението на вашиот партнер, особено кон вас, помирете се со фактот дека губи интерес.

Можете да препознаете по избувливоста, лутината насочена кон вас без некоја посебна причина или ако се некарактеристично тивки и веќе немате заеднички теми.

kako-da-prepoznaete-dali-partnerot-gubi-interes-ili-samo-mu-treba-prostor-06.jpg

6. Губат ентузијазам за заедничките активности

Значење: Изгубиле интерес

Секогаш кога ќе спомнете заеднички одмор, излегување за викенд или одење на концерт, вашиот партнер се однесува како тоа да е доволно далеку и дека е рано за планирање.

Доколку забележите вакво однесување, тоа може да биде знак дека веќе не сакаат да вложуваат во таа врска. Најздрав начин да ја надминете оваа ситуација е да не дозволите да ексалира и да се повлечете кога уште никој не е повреден.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg