Никој не е толку зафатен – ако те сака, ќе најде време за тебе и точка

nikoj-ne-e-tolku-zafaten-ako-te-saka-kje-najde-vreme-za-tebe-i-tochka-01.jpg

Еден збор. Приоритети.

Не ви треба маж кој постојано ви дава оправдувања: „Уморен сум“, „Имав работа денес“, „Автомобилот не ми работи“. Тој има милион глупави причини за да го избегне гледањето со вас. Ваква нефункционална врска не ви е потребна.

Колку и да сте зафатени во животот секогаш ќе пронајдете време за луѓето што ги сакате.

Верувајте дека ако некој  никако не може да пронајде време за вас, тогаш не се грижи за вас.

Не е дека е преуморен или има други обврски, јасно е дека нема желба. Живееме во време кога имаме и јавен превоз и такси и авиони и ако сака да пристигне до вас ќе пристигне, каде и да сте.

Дури и двајцата да работите турбо, ако закажувате средби ќе успеете да се гледате. Можеби спонтаноста ќе се изгуби и ќе треба да планирате со денови однапред, но ќе се гледате и ќе минувате време заедно. Ќе се забавувате, ќе гледате филм, ќе пиете пиво.

И нема да ви биде јасно како по целодневното напорно темпо имате енергија за тоа, но причината е една зошто успева – затоа што двајцата навистина сакате да се видите. Се сакате, сакате врската да функционира и чувствувате дека сте судени да бидете заедно.

И ништо не е невозможно кога има силна желба што доаѓа директно од срцето.

На тој што му значите ќе му бидете приоритет и ќе запостави сè друго за да биде со вас. За танго се потребни двајца и врската ќе ви трае вечно само ако двајцата сакате.

После сè не знаеме што носи утре... Затоа не трошете си го времето чекајќи некој што е презафатен за да биде со вас.

Извор

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg