Што треба да премолчите пред партнерот за „мир во куќа“?

Кога некоја врска е сериозна и води кон нешто повеќе, партнерите често се опуштаат повеќе отколку што е потребно и откриваат премногу информации за себе.

shto-treba-da-premolchite-pred-partnerot-duri-i-ako-imate-zaednichki-profil-na-fesjbuk-01.jpg

Доколку немате тајни еден пред друг, тоа е одлично, бидејќи добро знаете како да функционирате во врската. Но, дури и при најидеално сценарио, постојат неколку нешта што едноставно, треба да ги премолчите пред партнерот.

Бројот на претходни партнери

Ако му кажете на партнерот дека ви е прв, малку е веројатно дека ќе ви поверува, дури и ако навистина е така (ах, тој 21-ви век). Ако пак, решите да бидете искрени, бројот може да биде поголем од она што очекуваат, па да добивате незгодни коментари, прашања и проверки дали можеби некој од поранешните партнери го имате на Фејсбук или во именикот.

shto-treba-da-premolchite-pred-partnerot-duri-i-ako-imate-zaednichki-profil-na-fesjbuk-02.jpg

Сумата на пари која ја трошите на облека и козметика

Мажите се попрактични по ова прашање, а и поголемиот дел не користат шминка. Жените, пак, се склони да потрошат мало богатство на нов кармин, парфем или маичка каква што цел живот барале. Затоа воопшто не е паметно да се впуштате во расправија околу трошењето.

Идентитетот на пријателот/ката со која уште се дружите, а сте имале нешто повеќе во минатото

Ако имате пријател/ка со кои некогаш сте спиеле кога сте биле пијани, сте се бакнувале кога сте си биле поддршка за нешто, а уште сте блиски, тој податок едноставно треба да остане скриен од партнерот.

shto-treba-da-premolchite-pred-partnerot-duri-i-ako-imate-zaednichki-profil-na-fesjbuk-03.jpg

Лошото мислење за член на нивното семејство

Без разлика дали се работи за мајка, брат или братучетка, вашето лошо мислење треба да го задржите за себе. Вашиот партнер сигурно е свесен за недостатоците на членовите на неговото семејство, но доколку гласно го кажете тоа, може да ги повредите и да предизвикате конфликт.

Вашите мали „валкани“ тајни

Избегнувајте со партнерот да споделувате информации како што се заборавената рата во банка, неколкуте дена со иста долна облека или храната што останала во рерната додека вие сте на одмор. Иако може да биде смешно, поверојатно е дека ќе остави впечаток дека сте неодговорни и незрели.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg