Таа нема да те збунува, да те плаши, да ти поставува животни прашања - Се сеќаваш колку бев добра во тоа?

Понекогаш си мислам како бев премногу комплицирана за твојот живот. Имав многу идеи кои ти не можеше да ги видиш, Но, не е важно.

taa-nema-da-te-zbunuva-da-te-plashi-da-ti-postavuva-zivotni-prasanja-se-sekjavas-kolku-bev-dobra-vo-toa-1.jpg

Верував во нас и за двајцата. Имавме свои правила и поразлична љубов.

Ми беше најдобар пријател. Така го гледав тоа. Уживавме заедно, си поставувавме предизвици, се исполнувавме еден со друг преку страст и смеа, музика и моменти. Но, никогаш ништо не сакав да ти одземам. Се надевам дека тоа го знаеш.

Не беше совршено. Не бевме ниту ти, ниту јас. Само мислев дека можеме да бидеме нешто прекрасно во овој просечен свет. Верував во нас дури и во најлошите моменти. Бевме толку поразлични од сите околу нас кои стапуваа во брак. Бевме поинакви и знаевме што сакаме. И ти го знаеше тоа, се сеќаваш?

Секогаш тврдев дека љубовта не мора да има иста смисла. За мене, тоа беше најдобриот дел кој нè спојуваше.

Можеби луѓето како нас не припаѓаа заедно. Но, ние и тоа како да.

Единствено тоа ми беше важно. Сакав сè кај тебе, дури и тоа што беше несигурен во себе за некои работи. Си бевме рамнотежа еден на друг. Бевме додаток еден на друг. А, повторно нешто во врска со тебе не можев да разберам. Како да ти беше притисок да бидеш среќен со мене.

Секогаш бев тврдоглава, се сеќаваш? Признавам. Но, и тоа го променив, и сега стојам овде потполно твоја, чекајќи да се одлучиш.

Што сакаш? Понекогаш мислам дека водиш битка сам со себе, како да не знаеш што точно сакаш. Ме сакаш мене. Но, сепак не ме сакаш.

Можам да нè замислам до крајот на животот. Зошто би завршил со некоја поедноставна од мене, некоја која ништо нема да комплицира?

Кај мене не го сакаше тоа што обожавав да ги контролирам работите.

Се обидувам да видам подалеку од ова, но не можам. Секогаш беше чуден кога е во прашање иднината. Затоа и не можам да видам ништо повеќе. Но, можеби тоа е убавината на вас двајцата. И ти и таа - без план.

Тоа ќе биде освежувачки. Таа нема да те збунува. Нема да те плаши. Нема да ги поставува животни прашања на кои и ти самиот не го знаеш одговорот. Се сеќаваш ли колку бев добра во тоа?

Мислам дека сè уште можам да нè видам нас. Тебе и мене. Гледам како сме поразлични и живееме по свои правила. Не сакав да бидам толку комплицирана. Не сакам да те одземам тебе од самиот себе. Само мислев дека можеме да станеме нешто сјајно.

Додека еден ден... повеќе не можевме.

Извор

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+) Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку с...
5 работи што ги учите за себеси додека сите околу вас стапуваат во брак, а вие сте сами Со секоја нова година во која сте останале сами и не сте ја нашле љубовта учите ...
Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg