5 причини заради кои Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се холивудски пар за пример
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Чувар 22-07-2019
Sales Assistant 22-07-2019


5 причини заради кои Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се холивудски пар за пример

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли на многумина им се омилен холивудски пар, бидејќи знаат како да си искажат љубов, но и да си прават шеги на меѓусебна сметка јавно.

5-prichini-zaradi-koi-blejk-lajvli-i-rajan-rejnolds-se-holivudski-par-za-primer-01.jpg

Според нив, тоа е тајната за среќен брак, како и пријателскиот однос што го имаат уште од пред да бидат заедно.

Покрај многуте вештачки бракови во Холивуд, Блејк и Рајан може да бидат пример за сите, а тајната за успех се крие во неколку важни работи.

5 причини заради кои тие се најдобриот холивудски пар кој многумина го обожаваат:

1. Имаат добра смисла за хумор која ја искажуваат преку социјалните мрежи

Парот неколкупати има изјавено дека го ценат хуморот кој го имаат и дека тоа им помага во семејниот живот, односно дека тоа е тајната за среќата.

- На роденденот на Блејк, Рајан објави заедничка фотка на Инстаграм, но таа е речиси до пола исечена од сликата и напиша: „Среќен роденден на мојата прекрасна сопруга!“

 
 
 
View this post on Instagram
 
 

Happy Birthday to my amazing wife.

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds) on

- Блејк не остана должна, па на неговиот роденден, објави фотка од сопругот заедно со Рајан Гослинг, на која тој е исечен и напиша: „Среќен роденден душо!“

 
 
 
View this post on Instagram
 
 

Happy Birthday, baby.

A post shared by Blake Lively (@blakelively) on

- Рајан објави фотка од снимање на филм каде Блејк е несредена заради сцената, и напиша #безфилтер

 
 
 
View this post on Instagram
 
 

#nofilter

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds) on

2. Тие се одлични пријатели

Пред да почнат да се гледаат, актерите биле пријатели 2 години, а веројатно тоа им помага да го одржат бракот, да имаат добар романтичен однос, да бидат добри родители и пред сè да бидат добри пријатели.

Блејк неколкупати има изјавено дека секогаш може да му се обрати за совет на сопругот и дека ѝ е рамо за плачење, бидејќи ја разбира совршено.

5-prichini-zaradi-koi-blejk-lajvli-i-rajan-rejnolds-se-holivudski-par-za-primer-02.jpg

3. Семејството им е на прво место

Парот има 2 ќерки, Џејмс и Инес, а двајцата признаваат дека родителството не е воопшто лесно, но им носи многу задоволство.

5-prichini-zaradi-koi-blejk-lajvli-i-rajan-rejnolds-se-holivudski-par-za-primer-03.jpg

Блејк и Рајан пораснале во големи семејства, и ја сакале пријателската и блиска атмосфера, па затоа и сакаат многу деца.

Парот има воспоставено правило дека нема да снимаат филмови во ист период, за секогаш децата да се заедно барем со еден од родителите.

Рајан исто така знае да се шегува со твитови на сметка на неговите деца:

4. Блејк и Рајан имаат одличен стил каде и да се појават

Без разлика дали се на црвениот тепих или на обична прошетка, парот секогаш изгледа стилски, а двајцата немаат стилисти и сами ја бираат облеката.

5-prichini-zaradi-koi-blejk-lajvli-i-rajan-rejnolds-se-holivudski-par-za-primer-04.jpg

5-prichini-zaradi-koi-blejk-lajvli-i-rajan-rejnolds-se-holivudski-par-za-primer-05.jpg

5. Работат на проекти кои ги обединуваат

Двајцата се активирани во хуманитарни цели и работат заедно за да им помагаат на жртви од елементарни непогоди, како и на деца од социјално загрозени семејства или кои се болни.

Парот ги поддржува и активностите на фондација која се бори против ширење на детска порнографија и се борат за правата на децата.

5-prichini-zaradi-koi-blejk-lajvli-i-rajan-rejnolds-se-holivudski-par-za-primer-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто некои луѓе плачат за време на секс Доколку плачете без тага, туку само поради интензивни емоции е во ред, но доколк...
8 причини зошто треба да останете сингл во овој момент Во одредени периоди од животот е добро да бидете сингл, па не очајувајте и посве...
10 причини зошто да се состанувате со маж од Италија Потекнуваат од земја со прекрасни пејзажи, вино и магични зајдисонца, па не е ни...