„Мисли на сè што беше лошо“ - најдобрите совети ако си тазе раскинат/а

„Лошо е, се чувствуваш за никаде и ќе биде така некое време, но еден ден ќе се разбудиш и нема да боли толку. Ќе бидеш во ред.“

misli-na-se-shto-beshe-losho-najdobrite-soveti-ako-si-taze-raskinat-01.jpg

Со некого сте делеле сè, а повеќе не е дел од вашиот живот. Боли, зарем не?

Совети како да преболите најлесно:

„Продолжи понатаму. Биди зафатен/а со нешто. Тргни се од социјалните мрежи. Научи од пропадната врска“.

„Запомни зошто раскинуваш, запомни зошто раскина“.

„Не се обидувај да останеш пријател. Боли премногу. Научи да бидеш без него/неа, барем на почетокот.“

„Запомни дека без разлика колку сакаш да добиеш извинување или објаснување, врската е готова, без разлика дали ти тоа го сакаш или не.“

misli-na-se-shto-beshe-losho-najdobrite-soveti-ako-si-taze-raskinat-03.jpg

„Не барај ја вината во себе, ништо не правиш погрешно, едноставно не сте компатибилни и не можеш на сила да ги туркаш работите.“

„Отследи го на социјалните мрежи него и сите неговите пријатели што прикачуваат фотографии со него - далеку од очите, далеку од срцето.“

„Запомни дека го правиш тоа што е најдобро за твоето ментално здравје.“

„Кажи си на глас дека е готово и прифати дека е готово. Многу работи кои сте ги правеле заедно, сега ќе ги правиш сам/а и нема да биде лесно, но наскоро ќе стане подносливо.“

„Мисли на сите работи кои беа лоши во врската, работи кои работи сакаше да бидат поинакви и кои можеби ќе ги пронајдеш во твојот нареден партнер.“

misli-na-se-shto-beshe-losho-najdobrite-soveti-ako-si-taze-raskinat-02.jpeg

„Избриши ги сите пораки, фотографии и фрли ги сите работи што те потсетуваат на него/неа.“

„Лошо е, се чувствуваш за никаде и ќе биде така некое време, но еден ден ќе се разбудиш и нема да боли толку. Ќе бидеш во ред.“

„Само мини го денешниот ден во забава. За утре грижи се, утре. Направи барем една работа што ти носи среќа. Биди добар/а кон себе.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg