Зошто партнерите многу брзо го губат интересот за вас, без разлика дали сте машко или женско?

Запознавате некого, веднаш има некоја искра меѓу вас. Излегувате на состанок и работите се одвиваат филмски, средбата е успешна и ја запечатувате со бакнеж. Но, по краток временски период престанувате да се гледате. Што тргна наопаку? За жал, или за среќа, не сте единствените кои се нашле во ваква ситуација.

Zosto-partnerite-mnogu-brzo-go-gubat-interesot-za-vas-01.jpg

Причините за ваквиот развој на настаните може да бидат многубројни, но генерално – еве зошто партнерите многу брзо го губат интересот за вас:

Ниска самодоверба 

Не е во ред да се преценувате и да го допирате небото со носот, но истовремено, ниската самодоверба прави да изгледате непривлечно.

Самопочитувањето е прилично важна особина и треба едноставно да ја поседувате. Луѓето се магнетски привлечени кон личности кои зрачат со самодоверба.

Несигурноста, постојаното себеиспитување и навредите упатени на сопствената адреса асоцираат на личност која е незадоволна и несреќна. Кој би сакал да има таков човек покрај себе?

Премногу се трудите за другиот

Убаво е да сакате да угодите некому, но кога очајнички имате потреба од врска и уште од самиот почеток би направиле сè што ќе се побара од вас, ваквата постапка предизвикува контра-ефект.

Непрестајно го задушувате партнерот со внимание, пораки и повици. Изјавувате љубов по само неколку дена, сметајќи дека на тој начинот ќе го задржите партнерот покрај вас. Секако, ова е погрешно.

Работите се одвиваат пребрзо

Прославивте еден месец од вашата врска, а веќе ги имате запознаено пријателите, родителите и половина од роднините на партнерот. Сте биле на неколку родендени заедно, се гледате практично секој ден, мислејќи дека љубовта е толку прекрасна и не можете да се заситите еден од друг.

Реалноста, за жал, е сосема поинаква – со ова брзо темпо вие навистина ќе се презаситите еден од друг. Првичната искра полека почнува да се губи и згаснува. Нема потреба од толку брзање, го имате целиот живот пред вас.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg