Приказни од хотелот - Прв дел


Приказни од хотелот - Прв дел

Вторник, необично досаден ден. Надвор истураше дожд, а работа немаше ни за лек. Жива досада. Се загледав во мониторот и почнав да сурфам некои глупости без врска, онака колку да ми помине денот.

prikazni-od-hotelot-prv-del-001.jpg

„Добар ден, би сакале една соба“ – слушнав еден глас кој ми го одвлече вниманието, а потоа слушнав и затворање на вратата.

„Повелете, како можам да Ви помогнам?“ – одговорив.

„Би сакале една соба за неколку часа. Имате ли?“ – праша тој.

Во очите му видов невидена жар, дланките му трепереа и сѐ чинеше како да му е прв пат... Иако беше човек во доцните 30-ти, сепак пред мене застана како да беше само еден млад тинејџер кој се смувал со некое девојче и посакал да ја однесе дома за подобро да ја запознае.

„Секако, имаме....“ – реков.

„Колку чини?“ – праша.

„1000 денари, господине и вашите лични карти“ – одговорив.

„Но, зарем и нејзината мора? Јас мислев дека би поминале само со мојата... Знаете таа е мажена жена... Не би сакал да има подоцна проблеми...“ – почна да се правда тој.

„Законот е закон, процедурата е процедура...“ – објаснувам јас.

„Момент...“ – истрча надвор.

Ситуацијата ми стана мошне интересна, ги гледав љубопитно како се договараат да створат грев... Тој со очите ја јадеше и ја преколнуваше да влезат, а таа де се смешкаше де се муртеше. Поминаа околу пет минути негодување, па тој ја гушна со едната рака и се доближи до неа. Почна да ја бакнува по вратот, а со другата рака ѝ ја галеше косата. Траеше уште неколку минути сето тоа молење, и најпосле таа реши да влезат.

Влезе тој, а по него и таа.

Вистинска кукла со руса коса, сини очи и неверојатно згодно тело. Носеше црн тесен фустан кој совршено ја истакнуваше нејзината фигура, а пак црвениот кармин совршено ѝ ги истакнуваше усните.

Ги подадоа личните карти, платија и се упатија кон својата соба.

Продолжив со она што го правев и претходно. Но, ми засмета неверојатната бука која не беше пријатна ниту за моите уши, ниту за гостите кои престојуваа во хотелот тој ден.

Тргнав да ги предупредам, се доближив до собата и го наслушнав разговорот.

„Не можам повеќе да издржам, со месеци те чекам и сега верувам дека е вистинскиот момент...“ – рече машкиот глас.

„Будалче, јас би ти се предала целосно... Но, страв ми е... Мислам, не сум била со друг маж освен со мојот сопруг“ – рече таа.

„Само опушти се и уживај, предај ми се целосно... Верувај ми...“

„Полека со моите јаготки, тие се многу нежни... Биди што е можно понежен...“

Се почувствував како воајер, па тргнав да ги поливам цвеќињата кои беа во ходникот. Сакав да се почувствувам корисно на еден таков досаден ден. Но, тие и понатаму се слушаа...

„Ајде почни да ги наблажуваш усните со мојот сладолед, ветувам дека и јас ќе пробам од пудинг“...

„Добро...“

Се слушаа воздишки, а потоа повторно разговор.

„Многу добро ти оди, дали се чувствуваш валкано во моментов?“ – праша тој.

„Ох, да... Многу, многу валкано и виновно...“ – одговори таа.

„Сакаш ли да ги споиме овие две слатки задоволства?“

„Дааа, што поскоро... Ајдее.... Ајде....“

Речиси бев на крајот од ходникот кога тие почнаа да врескаат. Тоа беше алармот, овој пат бев решена да тропам.

„Уште... Уште...“

„Ќе те казнам уште неколку пати“...

Во нивната кулминација, врвот на нивната екстаза... Јас тропнав и тоа неколку пати со појак интензитет. Тие правеа еден грев, а јас се почувствував како да правам уште еден. Решив да ги спречам токму тогаш кога го освојуваа Монт Еверест.

Тишина и едно длабоко „ааахх...“.

Ги „запалив“ патиките и се сместив удобно зад мојот шанк на рецепција. Продолжив со работа.

После два часа се вратија по нивните лични карти. Потполно заборавија дека отпрвин се срамеше да влезе во хотелот, низ смеа се извинија што направиле бука.

„Ве молам, следен пат да бидете повнимателни. Сепак, тука има гости кои ноќеваат, како и мали деца....“

„Не сум сигурен дали ќе има следен пат“ – рече тој.

„Тоа е ваша работа, јас на сите така им велам...“

„Ма за нас сигурно ќе има следен пат, туку не сум сигурен дека повторно ќе дојдеме овде...“

„Има некаков проблем, господине?“

„Апсолутно никаков, само што јас би ја оженил госпоѓава до мене...“

„Само...“ – зачудено погледнав јас.

„Не, не сум мажена... Долго време го лажев дека сум мажена за да го оттргнам од себе, но тој беше упорен...“ – рече таа

„Но, нели... Мислам, не е моја работа да ви се мешам секако, но кога веќе сте се решиле да дојдете овде тогаш значи дека ве освоил...“ – реков.

„Решив да ја играм играта до крај, сакав да мисли дека сум најголемата грешница, а јас сакав во исто време да се чувствувам валкано...“ – рече таа.

„Вие си знаете, со среќа доколку се решите да стапите во брак... Пријатно“.

„Пријатно“ – одговорија тие.

Бев благовремено во шок, не знаев што да мислам. Дали е во ред да си толку перверзен, дали јас сум воајер што си дадов за право да ги наслушнам, дали тие правилно постапија што ми се доверија....

Продолжив со работа, како ништо да не било. Сепак ова е само еден од 1000-те случаеви кои се случуваат во овој чуден хотел... Хотел „Промаја“...

* Сите настани и ликови во приказните од овој чуден хотел се измислени, доколку било кој се пронајде во нив – тоа е чиста случајност.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Марија Прличкова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои ако партнерот ги кажува за жената, засекогаш ќе остане с... Ако таа е неговата втора половина во секој поглед и прави да се чувствува целосн...
Ќе ги разнежнат и најголемите фраери: 6 ситуации кои го топат машкото ... И мажите се од крв и месо, зар не? Имаат чувства и емоции, колку и понекогаш да ...
Таа нема да те збунува, да те плаши, да ти поставува животни прашања -... Понекогаш си мислам како бев премногу комплицирана за твојот живот. Имав многу и...