Карактерни особини кои може да предвидат раскинување или развод

Секој човек си има свои специфични карактеристики кои го прават посебен во секој поглед. Врз разводот влијаат многу фактори, но оние кои најчесто се занемаруваат се токму карактерните особини.

karakterni-osobini-koi-mozhe-da-predvidat-raskinuvanje-ili-razvod-01.jpg

Брачните терапевти и адвокатите за бракоразводни парници забележале одредени „шеми“ во карактерот и однесувањето на нивните клиенти. На пример, кај сите постоела намалена комуникација и одбивање да ислушаат што има другиот да каже.

Ова се уште неколку интересни и неочекувани карактеристики кои може да бидат предзнак на раскинување или развод:

Конфликтна анксиозност

Караниците и конфликтите се здрави за врската, но во главите ни е погрешно всадено дека несогласувањата водат кон раскинување. Па така, многу партнери решаваат да премолчат, па доаѓа до познатото прелевање на чашата од само една капка.

Недостиг на емпатија

Одлично е да бидете самоуверени и да негувате љубов кон себе, но во врска и во брак морате тоа да го поделите и со другиот. Ако не сте емпатични кон партнерот и она што го прави тажен и разочаран, лесно можете да паднете во „јамка“ од која единствен излез е разделувањето.

karakterni-osobini-koi-mozhe-da-predvidat-raskinuvanje-ili-razvod-02.jpg

Патолошко лажење

Некои вистини е добро да бидат карикирани, но тоа не смее да премине во патолошко лажење. Кога-тогаш вашиот партнер ќе забележи дека нешто се случува, а тогаш ниту најискреното извинување нема да ви помогне.

Затвореност за комуникација

Ако имате забелешка за однесувањето на партнерот - кажете му. Ако нешто не ви се допаѓа - кажете му! Комуникацијата е основа на секоја врска.

karakterni-osobini-koi-mozhe-da-predvidat-raskinuvanje-ili-razvod-03.jpg

Шеги на ваша сметка

До одредена граница е во ред и партнерот да се шегува на ваша сметка и вие самите на своја, и обратно. Но, понекогаш многу е лесно да се преминат границите и тие шеги да преминат во невкус и навреди.

Претерано заштитнички настроени

Нема ништо лошо во тоа да сакате да го заштитите партнерот, но ако го третирате како ваше дете, наместо како еднаков, таков третман и ќе добиете назад. Не се чудете ако партнерот почне да ја злоупотребува вашата добрина и наклонетост повеќе отколку што е прифатливо.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg