5 чудни работи што се случуваат кога ќе се вљубите

По неколку испиени чаши вино, полесно ви е да разговарате дури и со луѓето кои едвај ги познавате, станувате лековерни, а стравот и анксиозноста исчезнуваат. Окситоцинот, еден од „љубовните хормони“, влијае врз телото на ист начин како и алкохолот.

5-chudni-raboti-shto-se-sluchuvaat-koga-kje-se-vljubite-01.jpg

Научниците ги проучувале причините поради кои вашето однесување драстично се менува кога ќе се заљубите. Тие таквото однесување го поврзуваат со „љубовните хормони“, како што се допаминот и окситоцинот, кои влијаат врз човечките емоции.

5 чудни работи што се случуваат кога ќе се вљубите:

Вљубените се однесуваат како пијани

По неколку испиени чаши вино, полесно ви е да разговарате дури и со луѓето кои едвај ги познавате, станувате лековерни, а стравот и анксиозноста исчезнуваат.

Окситоцинот, еден од „љубовните хормони“, влијае врз телото на ист начин како и алкохолот.

Вљубените луѓе се дебелат или слабеат

Постои популарен израз во психологијата наречен „љубовни килограми“. Многу парови се здебелуваат на почетокот од врската. 

Експертите веруваат дека причината е тоа што чувствуваат помалку притисок и страв дека ќе бидат заменети поради својот изглед. Меѓутоа, не се дебелеат сите парови. 

Некои луѓе почнуваат да слабеат откако ќе се вљубат. Се претпоставува дека ова е поради хормоните што се лачат кога сме вљубени, а кои го потиснуваат апетитот.

5-chudni-raboti-shto-se-sluchuvaat-koga-kje-se-vljubite-02.jpg

Вљубените луѓе не можат да спијат

Многумина веруваат дека заљубените луѓе поминуваат безгрижни ноќи размислувајќи на својот партнерот. Меѓутоа, една швајцарска студија покажала дека во просек, заљубената личност спие еден час помалку.

Никој од учесниците кои учествувале во правењето на таа студија не се чувствувал уморно, па оттаму се заклучува дека квалитетот на сонот не е нарушен.

Вљубените луѓе се покреативни

Има толку многу убави песни кои се напишани од заљубени луѓе. Причината за ова е зголеменото ниво на креативност кое е резултат од заљубеноста.

Вљубеноста е лек за болестите

Се верува дека вљубеноста може да го подобри физичкото, но и менталното здравје.

Окситоцинот кој се лачи кога сме вљубени го намалува нивото на стрес и го зајакнува имунитетот, а сето ова води до подобро здравје.

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg