Maшки гестови кои жените никогаш не ги забораваат


Maшки гестови кои жените никогаш не ги забораваат

Малите знаци на внимание имаат голема важност во врската. Колку и навидум да не делува така, припадничките на понежниот пол највеќе ги вреднуваат ситниците што партнерот ги прави за својата втора половина. И ги паметат за навек.

mashki-gestovi-koi-zhenite-nikogash-ne-gi-zaboravaat-1.png

Тие им ја прават реалноста побајковита одошто на филм, за што сведочат и емотивните животни приказни на неколку девојки од соседството. Се исповедаа за постапките со кои нивните избраници им го стопиле срцето, па засекогаш ќе се сеќаваат на истите како на најубав љубовен спомен.

mashki-gestovi-koi-zhenite-nikogash-ne-gi-zaboravaat-2.jpg

Ова се машките гестови кои жените никогаш не ги забораваат:

„На вратот имам прилично голема лузна. Бев потполно опседната со неа. Цело време се обидував да најдам ѓердани со кои ќе ја прекријам, сѐ додека парнерот еден ден не ми го зеде ланчето од раце и ми рече:

Од моментот кога те здогледав, знаев дека ти си најубавата жена што некогаш ја имам видено. А, твојата лузна е потсетник колку си силна, чудесна и прекрасна. Немој тоа никогаш да го криеш.“

mashki-gestovi-koi-zhenite-nikogash-ne-gi-zaboravaat-3.jpg

„Партнерот ме изненади пред некоја година со необичен подарок за празниците. Тој е одличен фотограф. За приликата ја одбрал мојата најомилена слика, претворајќи ја во огромна сложувалка. Делчињата беа црно-бели, така што ми требаше цело утро да ја составам. Меѓутоа, јас обожавам сложувалки, па ова ми беше супер начин да се забавувам дента.

Во дадениот момент бевме шест години и половина во врска, а јас веќе не се надевав на брак. Знаев дека не е претерано заинтересиран за таквата идеја, бидејќи имал лошо искуство од разводот на родителите. Задоволна бев од нашиот однос и не му ја наметнував темата.

Година дена претходно го добивме синот и ми се чини дека тоа е причината зошто дечко ми се премисли. Пронајдов делче од сложувалката, на кое со светло пенкало беше испишано прашањето: „Ќе се омажиш ли за мене?““

„Додека лежевме во кревет, мојот дечко мислеше дека спијам. Ме прегрна и само тивко изусти: Фала ти што постоиш.“

mashki-gestovi-koi-zhenite-nikogash-ne-gi-zaboravaat-4.png

 „Кога дојде часот да го успијам засекогаш својот единаесетгодишен миленик, едноставно немав сила да го направам тоа. Златниот ретривер го чував од дете. Не можев да го пуштам, а ни да бидам во собата со него, свесна и дека не смее последните мигови да ги пројде сам.

Тогашнот дечко, а денешен сопруг, ми рече дека ќе го оди наместо мене. Нежно го крена кучето и го внесе во ординацијата. Кога излезе од кај ветеринарот, плачеше како мало дете, држејќи ги каишката и ќебенцето во раце.

Никогаш порано не сум го видела така расплакан. На себе го презеде сиот товар и никогаш нема да му го заборавам ова.“

„Не можев да ја прославам матурската вечер со пријателите од средно училиште, бидејќи истата вечер моја блиска роднина правеше свадба. Бев разочарана и зашто си имав одбрано специјален фустан за пригодата. Затоа, пак, кога се вративме од венчавката, дечкото ми приреди ноќ за паметење.

Двајцата се дотеравме и ме одведе на романтична вечера, а подоцна долго се возевме со автомобилот на неговиот татко. Сѐ беше внимателно испланирано. Оттогаш се поминати пет години, ама тој сѐ уште е подеднакво грижлив.“

mashki-gestovi-koi-zhenite-nikogash-ne-gi-zaboravaat-5.jpg

„Додека бев во последните месеци од бременоста, сопругот посака да излеземе од дома и правиме нешто убаво надвор. После капењето, буквално немав енергија ни да си ја исушам косата. И веднаш му кажав.

Седна на креветот и тој ме исфенира. Не само што добро испадна, туку ми беше и неверојатно сладок. Знам дека кога и да го замолам, повторно би го направил истото за мене.“

„Откако во нашиот град навеа снег, дечко ми првин дојде кај мене да го исчисти патот. А, на враќање кон дома, со лопатата го расчистил целиот пат од мојата до неговата куќа. Пет улици се вкупно. Ете тоа ми е романтика.“

mashki-gestovi-koi-zhenite-nikogash-ne-gi-zaboravaat-6.jpg

„Мажот ми беше пратен на мисија во Ирак пред повеќе години. Секоја недела ми се јавуваше и разговаравме по дваесетина минути. На некоја од жените чиј сопруг се наоѓаше на истото место, случајно ѝ напоменав дека ние еднаш седмично се слушаме.

Многу се вознемири, бидејќи таа речиси и да не се чула со нејзиниот. Подоцна дознав дека мојот маж чекал по четири часа во ред за да добие повик. Дефинитивно е најромантичното нешто кое партнерот го има направено за мене.“

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Приказни од хотелот – четврти дел Вчера бев препуштена сама на себе, што би се рекло сѐ ми беше „г*з преку глава“....
Таа нема да те збунува, да те плаши, да ти поставува животни прашања -... Понекогаш си мислам како бев премногу комплицирана за твојот живот. Имав многу и...
„Се гледав со манипулатор, тоа беше најужасното искуство во мојот живо... Постојат приказни за онлајн-запознавања кои се еднакви на бајка, но ги има и они...

Најчитани неделава