Приказни од хотелот – седми дел

Католички Божиќ. За мене ништо посебно, за мојот Ричард сѐ. Ме уби депресија што не сме заедно да го прославивме со сите марифети и салтанати. Пижами, ма какви пижами... Голи е уште подобра варијанта или двајцата во некоја секси долна облека... Ричард ја обожува мојата црвена долна облека, сум го потсетувала на Баба Мразица.... Ама каква баба, вистинска девојка сум... Баба...

prikazni-od-hotelot-sedmi-del-01.jpg

Работата во хотелот спласна. Сите се во Маврово, на Шапка, на Копаоник, бизнисмените на Алпите... Јас и девојките на работа... Ех, животе....

И додека јас си го замислував славењето со мојот Ричи, дојдов на идеја да му се јавам. Отидов во гостинската соба, се заклучив и пуштив Вибер.

Ѕвони, но никако да ми крене. Почна да ме јаде јанѕа каде е. Да не му се слошило, да не е претрупан со работа, да има многу снег... Нејсе, ги смислив сите можни сценарија во рок од една минута. Бев во ситуација да се качам на авион и право кај него. Но, тој крена..

„Љубов“ – рече тој.

„Ах, колку прекрасно звучи англискиот јазик од неговите усни“ – си помислив.

„Душо, каде си до сега? Се загрижив! Не креваш и Среќен Божиќ“ – го кажав сето ова наеднаш, чиниш Еминем дошол да разговара со Ричард место мене.

„Земи здив малку, смири се. Ме немаше една минута. Ти благодарам, љубов. Како си ти? Како е хотелот?“

„Депресивно... Сѐ е депресивно... Те нема тебе, нема гости, нема љубовници, нема ништо...“

„Ќе биде подобро, душо. Си доаѓам за месец дена...“

Се шокирав. Тој го кажа тоа толку смирено и ноншалантно, чиниш ми зборува за временската прогноза. Ми доаѓаше да скокам по креветот од возбуда. Но, сменив тон на лицето.

„Навистина ли? Кога дозна за тоа?“

„Вчера... Сакав да ти се јавам, но ме попречи нешто... Мислам, заспав...“

„И не успеа да ми се јавиш ни изутринава?“

„Љубов, немој да се лутиш... Имав многу работа. Завршуваме со работа, ги правиме последните подготовки... Мислам, едвај чекам да си дојдам крај тебе во Македонија... Го знаеш тоа...“

„Сепак...“

„Ми недостигаш, кралице.“

„Не ми изгледа така,  да беше така ќе се јавеше...“

„Што носиш на себе?“

„Џемпер и фармерки. Што да носам. Зима е! Башка, на работа сум.“

„Облечи нешто посекси...“

„Да облечам нешто посекси? За што? За ѕидовиве?“

„Мислев да не сакаш да имаме сајбер-секс.“

„Ричард, ај прибери се. Доле ме чека работа...“

„Само да знаеш дека ноќеска те замислував како се тушираш, и сѐ што сакав во тој момент е да бидам сунѓерот кој лизга по твоето тело... По сите места кои се невидливи за другите и по сите места кои ме чекаат мене...“

„Ричард... Не прави вака...“

„Што е љубена? И ти го посакуваш тоа, признај...“

Почнав да треперам. Знаев дека не е на арно. Па, гледав што е можно побрзо да му спуштам слушалка. Можеби помисли дека сум идиот што спуштам на најубавото. Ама ако, нека пати... Нека види како е...

Отидов на рецепцијата. Ребека седеше на својата позиција. Ништо интересно. Можеби сепак требаше да се одлучам на сајбер-секс... Којзнае...

*Сите настани и ликови во приказните од овој чуден хотел се измислени, доколку било кој се пронајде во нив – тоа е чиста случајност.

Претходниот дел прочитајте го тука.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Марија Прличкова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg