Необични факти за сексот: Каква е врската меѓу Бред Пит и женскиот оргазам?

Кога станува збор за задоволството во кревет, припадничките на понежниот пол се во предност. Просечниот машки оргазам трае околу шест секунди, додека женската кулминација тројно повеќе. А, возможна ли е без никаков физички контакт?

neobichni-fakti-za-seksot-kakva-e-vrskata-megju-bred-pit-i-zhenskiot-orgazam-1.png

Ова се необичните факти за сексот кои можеби не сте ги знаеле:

Жените може да доживеат оргазам и во сон.

„Одредени жени редовно свршуваат додека сонуваат еротски сон. Но, честопати не ни знаат, односно не се сеќаваат дека доживеале оргазам. За оние што се прашуваат како е тоа возможно, имајќи предвид дека не постои физички контакт, одговорот го дадоа гинеколозите и терапевтите.

Имено, за време на влажните сништа, се зголемува циркулацијата и количината на крв во пределот на гениталиите. Брзото движење на крвта низ интимните органи доведува до оргазам. Воедно, мирното спиење е фаза на длабока релаксација, без никакви нервози или анксиозности, што претставува идеални услови за постигнување кулминација на задоволството.”

neobichni-fakti-za-seksot-kakva-e-vrskata-megju-bred-pit-i-zhenskiot-orgazam-2.jpg

Машкиот оргазам е трипати пократок од женскиот.

„Кога е свршувањето во прашање, припадничките на понежниот пол се во докажана предност во однос на нивните партнери.

Прво, просечниот женски оргазам трае околу дваесетина секунди, што е значително подолго од машката кулминација на задоволството, со времетраење од приближно шест секунди. Потоа, жените поседуваат способност за постигнување повеќекратен оргазам, како и да свршат преку допирање на G-точката, чиишто сопственички се исклучиво тие.“

neobichni-fakti-za-seksot-kakva-e-vrskata-megju-bred-pit-i-zhenskiot-orgazam-3.jpg

Бред Пит е мажот кого жените најчесто го замислуваат додека мастурбираат.

„Маркетинг агентите на компанија што се занимава со производство и дистрибуција на секси играчки, направиле истражување со цел да дознаат за кои ѕвезди луѓето највеќе размислуваат додека се самозадоволуваат. 13 илјади испитаници ширум светот и на возраст од 18 до 74 години, одговориле на кого мислат додека сами се забавуваат под чаршафите.

Првото место меѓу познатите жени го однесе Бијонсе, а по музичката дива, мажите во интимните мигови фантазираат за Џенифер Лоренс, Ким Кардашијан, Тејлор Свифт и Кајли Џенер. На списокот мажи по кои воздивнуваат жените, пак, убедливо прв е холивудскиот заводник Бред Пит. По него следуваат Џони Деп, Крис Хемсворт, Том Круз и Крис Прат.“

neobichni-fakti-za-seksot-kakva-e-vrskata-megju-bred-pit-i-zhenskiot-orgazam-4.jpg

Телесниот мирис на партнерот може да одреди каков ќе биде оргазмот.

„Со уште една помала научна студија, истражувачите дошле до сознание дека луѓето со поизразено сетило за мирис имаат попозитивни и побогати сексуални искуства. Притоа, жените кои подобро можат да го намирисаат туѓото тело, повеќе уживаат во оргазмите, наспроти оние кои не го ни приметуваат.

Заклучокот е дека сетилото за мирис не мора да е нужно поврзано со квалитетот на изведбата во спалната соба, ама и дека очигледно постои врска меѓу мирисот и копнежот, како и зачестеноста на свршувањата.“

neobichni-fakti-za-seksot-kakva-e-vrskata-megju-bred-pit-i-zhenskiot-orgazam-5.jpg

Сексуалниот однос трае од 100 до 500 пенетрации.

„Сте размислувале ли некогаш како всушност се мери должината на сексот? Според едно истражување, односот меѓу интимните партнери трае од 100 до 500 пенетрации. А, колку е тоа изразено во минути? Податокот го даде второ истражување во кое учествуваа 3836 испитаници, а чиишто резултати велат дека просечното времетраење е 17 минути и пет секунди. Исклучиво сексот – без предигра.“

neobichni-fakti-za-seksot-kakva-e-vrskata-megju-bred-pit-i-zhenskiot-orgazam-6.jpg

Тагата по сексот навистина постои.

„Дали ви се случило да заплачете, дури и после добар секс? Ако одговорот е да, веројатно ќе ви олесни кога ќе дознаете дека не сте единствените. „Post-coital dysphoria“ (PCD) е англискиот назив на ваквата појава, која се карактеризира со чувства на длабока тага, бес или страв.

Настапуваат непосредно по интимниот однос, а најчесто по доживувањето оргазам. Можно е да се појави и после мастурбација.“

neobichni-fakti-za-seksot-kakva-e-vrskata-megju-bred-pit-i-zhenskiot-orgazam-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg