Прoколни го животот кој нема љубов во него, дојди да се сакаме, немаме време за губење…

Не размислувај каква шминка ќе ставиш на себе, те сакам онаква каква што си, без грам фасада, онаа која ќе ти ги покрие подочниците модри од неспиење, од умор и загриженост или малите, одвај видливи ситни брчки околу устата создадени од смеење.

Dojdi-da-se-sakame-nemame-vreme-za-gubenje-01.jpg

Ја сакам секоја твоја брчка, сакам да ги бакнувам твоите подочници, да го избришам уморот, да ти ја ублажам тагата. Дојди да се сакаме, немаме време за губење.

Губиме премногу време во размислување и анализа. Што ли ќе се случи, како ли ќе го преживееме тоа и тоа… тонеме во бескрајни анализи на хипотетички сценарија и секогаш го замислуваме најцрното од нив. Изнаоѓаме причини и изговори зошто да не се љубиме.

Како да имаме два животи пред нас, па овој првиов е најобичен пробен тест, може лесно да го фрлиме во вода. Генералната проба е сега, претставата е во оној вториот, резервниот живот.

А немаме резервен живот, најмила. Го имаме само овој, овде и сега. И јас сум тука, пред тебе, ти ја нудам мојата љубов. Многумина би ме нарекле глупчо, последниот наивен човек кој верува во љубовта и да, таков сум. Ослободен од секакви калкулации и манипулации, ќе се задоволам и со трошки, и со најскромното, сè додека ти си покрај мене.

Јас сум од оние кои веруваат дека вистинската љубов може да победи сè, дека нè прави, подобри, посилни, поиздржливи, полуѓе.

Дојди да се љубиме, немаме време за губење. Не сакам да се разбудам старец, тажен и сам, огорчен и осамен со каење за животот кој му поминал за минутка, за миг, додека да трепнеш. Додека си пукнал со прстите младоста заминала со експресен воз, а ти му мавташ со доза носталгија и тага.

Не сакам да бидам тој човек, одбивам да бидам оној кој не направил сè во името на љубовта. А знам дека и ти си таква, те чувствувам и затоа знам дека си доволно вредна да се борам за тебе и за нас.

Сепак, не оставај ме предолго да молам, не размислувај премногу, не плаши се, не скратувај си го сопственото парче среќа. Дојди да се сакаме, немаме време за губење.

И кога конечно ќе дојде тој миг на староста, посакувам ти да си покрај мене. Посакувам силно да те држам за рацете, да те прегрнам, да те погалам по косата и да ти кажам колку многу си ми убава. Како тогаш пред толку многу години кога реши да ѝ дадеш шанса на нашата љубов.

Посакувам да растеме, да созреваме и да остариме заедно. Со децата и внуците, со спомените, со сета среќа која може да си ја подариме меѓусебно и на светот околу нас.

И по ѓаволите со сите предмети и пари и безумното трчање по нив. Ако имам непроспиени ноќи сакам да бидат поради тебе, не поради некаква си работа. Ако кројам планови за иднината, сакам секој од нив да те вклучува тебе во главната улога. Ако имам некаква желба во овој живот, тоа е да сакам и да бидам сакан.

Проколни го животот кој нема љубов во него. Не е вреден за живејачка. Оној кој не искусил љубов, не живеел никогаш вистински. Го поминал животот со половина срце, со преполовена душа.

Дојди да се сакаме, немаме време за губење…

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава