Искрената причина зошто самите си ги саботираме врските

Вистинската љубов нема граници и прави да можеме да погледнеме во очи на своите најтемни стравови.

iskrenata-prichina-zoshto-samite-si-gi-sabotirame-vrskite-01.jpg

Но, кога ќе ви се случи љубов, не можете, а да не се запрашате дали го правите вистинското нешто? Дали личноста е вистинскиот избор? Дали вие сте добар избор за другиот? Зошто воопшто ѝ се допаѓате на таа личност и што гледа во вас?

Ако тоа ви се случува, време е за една многу важна лекција, а тоа е себесаботирањето. Тука се работи за вашата желба да бегате што подалеку од нешта кои се убави, само поради вашиот страв да се вљубите.

Ако самите не се соочите со своите демони, тогаш немате ниту големи шанси да ги исполните своите желби. Доколку верувате дека не сте добри за некого, тогаш таков третман и ќе добиете.

За несреќа, со ова се соочуваат повеќе луѓе отколку што може да замислите. Да се избере љубовта не е лесен чекор. Кога чувствуваме дека некоја личност нè комплетира, тоа е уште поголем предизвик. Проблемот се појавува во моментот кога треба да споделите дека имате и слабости и несигурности.

iskrenata-prichina-zoshto-samite-si-gi-sabotirame-vrskite-02.jpg

Така почнува и саботирањето. Наместо да бидеме со оној кој сака да нè запознае такви какви што сме, ние се плашиме и бегаме, а во меѓувреме дозволуваме да бидеме со површни личности кои не ни се предизвик.

Никој не е совршен. Ниту вие, ниту другата личност, ниту пак љубовта. Но, совршенството не е основа за добра врска, туку прифаќањето и живеењето со сопствените грешки и стравови.

Најпрво, најдете мир и љубов со самите себе, пред да го дозволите тоа на некој друг. Така, правите значаен исчекор во себеприфаќањето.

Секогаш ќе постојат и оние кои не сакаат да пуштат љубов во својот живот. Простете им, бидејќи тие не ни имаат доволно љубов кон себе, за да можат да сакаат некој друг.

Слабите никогаш нема да ги победат силните и стравот никогаш нема да ја прегази љубовта. А, ако ја имате во своето срце, крајно време е да се ослободите со себесаботирањето и самосожалувањето. Не слушајте ги другите - сакајте се себе, а романтичната љубов сама ќе дојде.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg