Најмоќното љубовно писмо: Мил мој, ти благодарам што не ме сакаше!

Те гледам на фотографија со новата девојка среќен си, среќна сум и јас и јасно ми е повеќе од кога било дека никогаш не ни беше судено. Ти благодарам што не ми потроши повеќе време...

najmokjnoto-ljubovno-pismo-mil-moj-ti-blagodaram-shto-ne-me-sakashe-01.jpg

На социјалните мрежи кружи љубовно писмо, кое многумина го прогласија за едно од најмоќните љубовни писма на сите времиња.

Писмото што се прошири вирално:

„Минаа години откако ти реков дека те сакам, а ти не ми врати, само молчеше. Оттогаш сум многу подобро – ја минав последната година одново градејќи сè што остави скршено откако си отиде од мојот живот.

Моето внимание е посветено исклучително на развојот да станам најдобрата верзија од себе за никогаш повторно да не бидам скршена. Не ни мислев на тебе сè додека не ја видов фотографијата од тебе и твојата нова девојка, што си ја ставил на Фејсбук и ми ја испрати една пријателка. Мора да признаам – не ми беше сеедно. По почетното забрзано срцебиење, само имам да ти кажам 2 збора: „Ти благодарам“.

Ти благодарам што ме заобиколи. Го гледам својот живот денес и далеку сум од онаа девојка со скршено срце. Минав толку време барајќи ја твојата потврда за мојата вредност и неа ја мерев низ твојата љубов.

Очајна, слаба и кршлива – таа девојка повеќе не сум јас. Во мигот кога сфатив дека моето мислење за мене зависи од тоа што ти чувствуваш кон мене знаев дека морам длабоко да се загледам во огледало и да пронајдам начин да се сакам повторно.

Почнав да правам работи кои не ги правев кога бев покрај тебе и се ослободив од ограничувањата кои си ги ставив само за да те задоволам тебе. Сега се задоволувам само себе.

Ти благодарам што не ми дозволи да го трошам своето време и енергија сакајќи те подолго од што требаше. Да ме сакаше покрај себе, денес не би била на местото на кое сум, туку уште ќе живеев задоволувајќи те.

Кога ќе наиде следниот маж нема да биде исто. Своето срце ќе му го дадам само на некој што е достоен за тоа. Некој кој нема да им врти грб на своите емоции и ќе биде доволно човек да преземе одговорност за своите постапки. Сега знам како сакам и како не сакам да се однесуваат кон мене во врска. Сега знам што не е прифатливо во еден однос.

Ти благодарам што ми помогна да си ги поставам тие граници. Со тебе не постоеја воопшто и ти го искористуваше тоа.

Ти благодарам што ме направи отпорна. Ме држеше до себе под твои услови, бев слаба и ме остави емотивно уништена.

Си дозволив да станам роб на твоите дела и зборови. Тоа што тогаш ме уништуваше, сега не би успеало. Изгледа дека срцето ми се промени. Моето срце веќе е отпорно и не верува на празни зборови.

На кратко, со тебе не бев исполнета, а сега со насмевка можам да кажам дека сум среќна. Гледам дека и ти си среќен сега и се надевам дека таа ќе може да те усреќи на начини на кои не можев јас никогаш.

Јасно е повеќе од кога било дека никогаш не ни беше судено.

Ти благодарам што ме потсети на тоа!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...

Најчитани неделава