Другата страна на бракот

Имајте разбирање, бидете љубезни еден со друг, комуницирајте, не легнувајте си лути – тоа се тие класични совети за успешен брак.

Drugata-strana-na-brakot-01.jpg

Колку и да звучат клише, тие се вистинити и корисни, но има една друга страна од бракот за која не се зборува воопшто.

Бракот (не) го менува животот

Опција број 1

„И? Како е сега во брак? Се снаоѓате ли?“ – ве прашува сосетката. „Супер, ништо не се промени“ – самоуверено одговарате. И навистина е така. Се прашувате зошто сите други претпоставуваат дека нешто толку значително треба да се промени откако ќе се потпишете во матично, бидејќи вие се уште се чувствувате како да сте во врска.

Опција бр. 2

Доаѓа момент кога реалноста ќе ве удри во глава; повеќе не сте сами, треба да останете заедно со тој човек до крајот на животот и таа мисла ве парализира. Ве нервира начинот на кој партнерот ги дипли алиштата, тоа што нема топла вода во бојлерот токму тогаш кога сте влегле под туш и воппшто фактот што треба да функционирате како двојка во секоја област од животот.

Вистината е дека и двете опции се комплетно нормални.

Нема „мое“ и „твое“, сè е „наше“

Ова најмногу ги засега финансиите. Во брак треба заеднички да ги образложувате трошоците, заедно да го формирате куќниот буџет и заедно да ги одредувате приоритетите. Фактот што треба да соопштувате некому секој пат кога ќе купите каква било ситница може да придонесе нештата да ви изгледаат чудно, но запаметете дека и тоа е во ред.

Потребно е само да прифатите дека ќе ви треба одредено време за да се прилагодите на новонастанатата ситуација, што и не е така лесно како што изгледа.

Вашите проблеми нема да исчезнат

Бракот нема одеднаш да ве направи среќни или задоволни или исполнети. Научени сме да очекуваме дека ќе се случи магија, но реалноста е малку поинаква. Ќе имате добри и помалку добри години во животот, а бракот не е решение за тие вторите.

Добрата страна е тоа што ќе имате покрај себе некој со кој ќе може да споделите и некој кој ќе ве поддржи тогаш кога тоа ќе ви биде потребно.

Каде ќе одиме за Божиќ?

Ова може да претставува голема „борба“, но за жал е неизбежна. Празниците се време што треба да се помине со семејството, но во брак ќе треба да одберете со чие. Соочете се со фактот дека ќе има празници кога ќе мора да ја одберете другата страна само затоа што и дошол редот, и тоа може да ви падне тешко.

Ќе ви недостига прегратката од вашата мајка за Божиќ или долгите разговори со вашиот татко за Велигден и тоа ќе ве растажи, но обидете се да уживате и со новото семејство.

Одржувајте ја врската со себеси

Од исклучителна важност е да си посветувате време на себе барем приближно колку што му посветувате на вашиот партнер. Спознајте ги своите потреби, правете работи што ве прават среќни и радосни, овозможете си релаксација кога се чувствувате напнати и најдете начин да балансирате помеѓу обврските.

Комуницирајте и знајте дека потребата за време сами со себе е во ред исто како се што споменавме погоре.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
5 знаци кои покажуваат дека сте во среќна врска, исполнета со доверба Не го проверувате парнтерот на секој половина час кога е излезен со друштво и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg