Како парите влијаат на љубовта и обратно?

Парите, по својата природа, не се вредност, но важни се бидејќи ни овозможуваат стекнување на некои други вредности. 

Kako parite vlijaat na ljubovta i obratno 01

Оној кој има доволно пари може да си дозволи многу работи, да оствари многу желби за себе, како и луѓето кои му се блиски. Но моќта на парите е, исто така и ограничена, бидејќи многу работи не можат да се купат. Прашањето е како, всушност, парите влијаат на љубовта и обратно.

Според истражувањата, парите за луѓето имаат поинаква емоционална вредност. Разликите се во тоа колку на некој му се важни и на кој начин луѓето ги перципираат парите. Некој во нив ја гледа безбедноста, некоја способноста да ужива, а за некој парите служат како доказ дека се почитувани и важни во општеството.

Овие разлики често доаѓаат во прв план во партнерските односи. Во брачните терапии парите се една од петте главни теми околу кои паровите се расправаат. Суштината на овие конфликти е обидот на партнерите да се вкоплат во претставата за парите, односно начинот на кој ги вреднуваат истите. Врската во која еден партнер ги преценува, додека другиот ги потценува парите, нема големи шанси за успех.

Kako parite vlijaat na ljubovta i obratno 02

Конфликтите во врските, поврзани со парите, се нормална појава, но истите најчесто предизвикуваат криза кога еден од партнерите љубовта ќе почне да ја поврзува со финансиите. Уште во детството учиме дека љубовта се изразува преку давање според принципот: колку е поголема љубовта, толку е побогат подарокот. И во зрелите години често ги следиме истите принципи, токму според тоа колку е партнерот спремен да троши пари на нас.

За врската да биде успешна, важно е паровите да зборуваат отворено и јасно за парите, за тоа колку се важни, како ги перципираат и како треба да управуваат со финансиите. Ова е важен предуслов. Ако разликите се премногу големи, тогаш е добра идеја секој посебно да ги чува/троши парите, а заедничките трошоци да се решаваат заеднички.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg