Среќните парови немаат кавги и се сексуално синхронизирани - митови за среќните врски

Дали и вие мислите дека среќните парови ја имаат откриено големата тајна на успешната, квалитетната и здравата врска? Ова се најчестите предрасуди и митови за она што луѓето го сметаат за среќна врска.

Ova se najcestite mitovi za sreknite vrski 01

Мит: Луѓето во среќните врски можат да се стават во кожата партнерот.

Реалност: Никогаш не можеме целосно да разбереме како некој се чувствува, бидејќи не сме исти личности. Сѐ разликуваме генетски, физички и психички, а исто така имаме и различни животни искуства.

Мит: Среќните парови се секогаш заљубени исто како и на почетокот на врската.

Реалност: Многу луѓе ја мешаат љубовта со она збунувачко, лудо чувство кое го имаме на почетокот на врската, кога се запознаваме со некого. Ова почетно чувство на возбуда брзо поминува. Романтичната љубов се раѓа од подлабоки емоции.

Мит: Среќните парови секогаш се согласуваат.

Реалност: Во секоја врска постојат несогласувања, а понекогаш треба да се согласите дека не сѐ согласувате.

Ova se najcestite mitovi za sreknite vrski 02

Мит: Среќните двојки треба да имаат заеднички интереси.

Реалност: Секогаш е добро да постојат заеднички интереси, но врската може да функционира и кога немате заеднички интереси. Доколку на сила се обидувате да бидете дел од некои заеднички активности, тоа може да доведе до стрес, напнатост и конфликти.

Мит: Среќните двојки немаат расправии.

Реалност: Конфликтите се интегралниот дел од сите меѓучовечки односи, а кавгите, сè додека не се деструктивни и насилни, не се негативни.

Мит: Среќата и задоволството немаат никаква врска со сексот.

Реалност: Добар сексуален живот е многу важен дел од квалитетниот однос. Преку него ја развивате интмноста помеѓу вас, што ја води врската кон сосема ново ниво на поврзаност.

Ova se najcestite mitovi za sreknite vrski 03

Мит: Среќните парови се секогаш сексуално синхронизирани.

Реалност: Освен на самиот почеток на врската, кога партнерите истражуваат и експериментираат, нормално е од време на време, особено кога станува збор за подолги врски, да не сте расположени за секс. Преговарајте и правете компромиси, врските, всушност, се базираат на тоа.

Мит: Се знае како треба да изгледа една љубовна врска.

Реалност: Не постои правило за тоа како треба да изгледа нечија врска. Најважно е да го пронајдете начинот кој вас најмногу ви одговара.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава