Од картички за повик и корсети - до гламурот и манирите: Историјата на флертувањето низ годините

Луѓето секогаш наоѓале инвентивни начини во потрага кон љубовта. Кога зборуваме за историјата на флертувањето, се чини дека денешните проблеми се слични на оние од триесеттите години на 20-от век, па дури и на оние од 18-от век. 

Od karticki za povik i korseti do glamurot i manirite ova e kratkata istorija na romanticnite sredbi 01 630x340

Од грижа за финансиската положба на партнерот до убедувањето на родителите дека тој/таа е вистинската личност за нас. Начинот на кој се обидуваме да најдеме љубов може да се промени, но не и надежите, соништата и копнежите кои одат рака под рака.

Откако ќе бидете соодветно стилизирани, треба да го добиете вниманието на личноста која ви се допаѓа. За ова, се разбира, најдобрата алатка отсекогаш бил танцот.

Од викторијанските балови до фокстрот во 1920-тите години, оваа експресија ретко кога била промашување.

Но ако не знаете да танцувате, духовит разговор и добрите манири влегуваат како адекватна замена. Состаноците со дамите на улиците на викторијанската Англија делувале речиси како бизнис.

Според бонтонот дамите секогаш требале да бидат први претставени на мажите, никогаш обратно.

Od karticki za povik i korseti do glamurot i manirite ova e kratkata istorija na romanticnite sredbi 04

Викторијанците од средната класа имале комплициран ритуал за додворување. Доколку сакате да одите на посета кај некој, требало да се држите до строгите етички правила. Дури и кога ќе успеете да го привлечете вниманието на вашата потенцијална љубов, никогаш нема да останете без надзор.

Викторијанците имале сопствена верзија на Инстаграм, разменувајќи ги „carte de visites“, малите портрети кои, исто така, можеле да бидат и слики од познати личности и аристократи.

Овие слики биле разменувани при флертувањето, но служеле и како средство за потврдување на нечиј социјален статус. Се користеле и картички за повик на кои биле напишани различни понуди.

Od karticki za povik i korseti do glamurot i manirite ova e kratkata istorija na romanticnite sredbi 03

Можеби најголемото изненадување во историјата на флертувањето е забранување на предбрачниот секс, кој често бил норма за повеќето луѓе. Во тоа време се користеле и кондоми, кои можеле да бидат измиени со карболичен сапун.

Долго време пред апликациите како што е Тиндер, луѓето се запознавале на патувањата. Кога возот влезе во секојдневна употреба, во средината на 19-тиот век, многу луѓе почнале да патуваат, a жените ги делеле слабо осветлените купеа со мажите.

Od karticki za povik i korseti do glamurot i manirite ova e kratkata istorija na romanticnite sredbi 05

Во меѓувреме, велосипедот ги подобри романтичните можности. Спротивно на трициклот, велосипедот бил првиот начин на транспорт кој жената можела да го користи независно од мажите.

Кога зборуваме за почетокот на 20-от век, можеби очекуваме пореални услови и пореални очекувања, но се чини дека луѓето секогаш ќе го идеализираат гламурот.

Со создавањето на колумни во 1920-тите и развивањето на кината во 1930-тите, се развива и стремежот на луѓето да се оженат/омажат со најбогатите и најубавите луѓе.

Денес, со повисокиот животен стандард и пониските трошоци за облека и козметика, би требало да е полесно да се пронајде партнер. Иако живееме во нарцисоидна, самоопседната култура, ние не сме првата генерација која била толку загрижена за надворешниот изглед.

Што се однесува до иднината на љубовните состаноци едно нешто е сигурно, флертувањето ќе ни стане омилено глобално хоби, доколку веќе не е, а луѓето ке измислуваат нови трикови за освојување на нивните недостижни симпатии.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава