Кога љубовта ќе дојде, таа ќе изгледа вака...

Кога љубовта доаѓа, чука на вашата врата тивко, но доволно за да знаете дека е време да отворите и да се чувствувате безбедно.

Why-Love-Is-a-Good-Drug-for-Mind-and-Body-ftr_630x350.jpg

Љубовта нема да ве тера да барате. Таа ќе дојде самата кога ќе почувствува дека сте подготвени за неа. Љубовта ќе ви објасни зошто досега ништо не ви одеше во нејзиното поле.

Љубовта ќе ве научи на нови нешта во животот и ќе ве однесе на места каде никогаш досега не сте биле. Ќе ве бакнува нежно и ќе лежи до вас секогаш кога ќе ви треба топлина.

Љубовта ќе биде среќна што ве гледа и едвај ќе чека да ве држи за рака. Некогаш и ќе биде лута, некогаш ќе ја напушти собата, а некогаш и ќе боли и ќе плаче.

Но ќе биде и трпелива, паметна и свесна. Љубовта простува и останува до вас и во најтешките денови, затоа што тоа ѝ е работата.

Љубовта секогаш ќе комуницира јасно, но и ќе ви остави простор и самите да го направите тоа. Нема да се откаже од вас кога сте на дното, туку ќе се бори за вас. Љубовта е искрена, смирувачка и светла. Ќе ви пружи и прекрасни доживувања.

Ќе дознаете како е да се биде во рајот. Ќе се грижи за вас, дури и по цена на сопствената среќа. Ќе ве направи личност како што отсекогаш сте сакале да бидете, горди на она што сте.

Љубовта ќе ве штити. Ќе ви го покаже светот. Ќе остане покрај вас за да ве потсетува на својата мудрост. Љубовта нема сомнежи.

Љубовта никогаш нема да се откаже од вас!

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg