5 најважни лекции што ги научив за состаноците во моите 30-ти

Излегувањето на состаноци во 30-тите е многу различно од она во 20-тите, особено доколку намерата ви е да најдете вистинска љубов.

dating_630x350.jpg

Вистината е дека нештата се смениле, дека ќе се чувствувате како да сте биле во кома неколку години, а и веројатно ќе треба на „стари години“ да ги користите социјалните мрежи за договарање.

Но едно е сигурно, ќе имате навистина фантастично време и одлични авантури.

А, како изгледаат состаноците во 30-тите?

Правилата се сменети

Во 20-тите момчето ќе ја покани девојката на прв состанок, ќе се видат уште неколкупати, ќе започнат врска и или по некоја година ќе се венчаат или ќе раскинат. Сосема едноставно.

Но, во 30-тите е поинаку. Веќе сте возрасна личност која има свои норми, потреби и навики. Веќе не ви е важно кој на кого прв ќе пише, бидејќи сте доволно самоуверени да го направите првиот чекор ако сте заинтересирани за некого.

czrzpao0o5iaoor2rkgz.jpg

Не инсистирате да плаќате

Да, ќе посегнете по чантата, но сигурно не очекувате вашиот „дејт“ да побара да ја поделите сметката. Ова е сосема спротивно од удирањето во гради колку сте вие самостојни и независни, но едноставно, важни ви се гестовите.

Секако дека можете и самите да ја покриете целата сметка, но и добро е да почувствувате и да гледате како другата страна се труди.

Добар на хартија не значи и добар за вас

Во своите 30-ти ќе сфатите дека оние кои се добри за вас „на хартија“ не мора да значи и дека навистина се добар избор. Атрактивни, со добро платена работа, со свој дом, паметни и со смисла за хумор... Звучи совршено, зарем не?

Но сепак, нешто не ви се допаѓа. Доволно е тоа. Не треба да се трудите за таа личност да ви се допадне повеќе. Сигурно се добри, но за некој друг, а не за вас.

636216267616472760-GettyImages-504536540.jpg

Внимавате на црвените аларми

Во текот на комуникацијата ќе сфатите дека во одредени моменти се вклучува црвен аларм. Дури и ако се случило само еднаш, не го игнорирајте. Не мислете дека тоа е предизвик.

Напротив, тоа е предупредување кое во иднина може да ве поштеди од многу страдања и нервози.

Редуцирана листа на квалитети

Некогаш фантазиравте за тоа како точно изгледа и како со вас се однесува личноста која сакате да ви биде партнер. Но, по многу години, веќе ги проширивте своите граници и сфативте дека она што го сакате е безбедност и длабочина.

И да, го барате она што вие го сакате и што сметате дека е важно, без желба некого да поправате.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg