„Контроверзни" врски: 5 причини зошто помладите мажи сакаат постари жени

Иако нашето општество е сè уште посклоно да ја одобри врската помеѓу постар маж и помлада жена, во последниве години постојат повеќе парови во кои ситуацијата е обратна. 

Kontroverzni vrski 5 pricini zosto pomladite mazi sakaat postari zeni 01

Таквите врски најчесто се сметаат за „контроверзни“. Зошто мажите ги сакаат постарите жени?

Според бројни истражувања ова се клучните фактори:

1. Зрелост и искуство

Зрелоста и самодовербата, кои постарите дами ги внесуваат во врските со мажите, создаваат чувство на комфор. Мажите во овие врски не треба секогаш да го преземат водството и иницијативата.

Помладите жени се склони кон менување на мислења, додека постарите жени раководат со врската посериозно. Со оглед на големите животни искуства, ја негуваат слободата и развојот на помладиот партнер во врската.

2. Фактор на „забрането овошје“

Нашето општество сè уште не е склоно да ја одобри врската помеѓу помлад маж и постара жена, додека е обратната ситуација многу поприфатлива.

Овој елемент на „забрането овошје“ кај мажите создава дополнителна потреба за дегустација на нешто ново. Имено, луѓето имаат тенденција повеќе да го сакаат она што не можат лесно да го имаат.

3. Независност и неоптеретеност

Повеќето постари жени се реализирани во деловна и финансиска смисла, што целосно го олеснува товарот на партнерот. Мажите истакнуваат дека полесно можат да се реализираат без притисокот на нивниот партнер.

Поточно, на овој начин можат да го одложат моментот на преземање на одговорноста.

Kontroverzni vrski 5 pricini zosto pomladite mazi sakaat postari zeni 02

4. Смиреност и конкретност

Познато е дека мажите не сакаат да комплицираат, особено кога станува збор за секојдневни работи. Зборот „драма“, речиси не постои во однесувањето на постарите жени.

Во стресните ситуации успеваат да останат смирени и да ја зачуваат енергијата за решавање на проблемите.

5. Неспорни вештини во креветот

Слободата и самодовербата се одлучувачкиот фактор во сексот. Постарите дами веќе одамна ја прераснале несигурноста поврзана со нивниот изглед. Покрај тоа, на мажите им импонира да имаат силна жена на која само они можат да ѝ удоволат.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg