9 причини поради кои мажите се плашат од интелигентни жени

Колку сте поинтелигентни, посамоуверени и подлабоко размислувате за нештата во животот, толку е поголема веројатноста дека ќе бидете сингл. Звучи познато? 

9 pricini poradi koi mazite se plasat od inteligentni zeni 01

Додека интелектот и самодовербата се многу барани меѓу мажите, вистината е дека повеќето мажи не можат да се справат со таква жена.

Зошто? Поради овие 9 причини:

Интелигентната жена поставува интелигентни прашања

И тоа прашања за кои повеќете мажи едноставно не се подготвени. Која е твојата цел во животот? Што те прави среќен? Овие прашања ги прават повеќето мажи несигурни. И ако не можете да одговорите на нив, тогаш интелигентната жена ви е далеку од дофат.

Интелигентната жена е искрена

Паметната жена нема време за игри. Доцните 10 минути? Подгответе добро образложение. По природа таа е директна и тоа може да ги направи мажите нервозни, но ако ја прашате нешто бидете сигурни дека ќе добиете искрен одговор.

Интелигентната жена знае што сака

Таа знае што сака од мажите и нема многу да го чека мажот за да го открие својот карактер. Нејзината интуиција е нејзината најголема предност и ако не го поминете првиот тест, таа нема воопшто да се мачи понатаму.

9 pricini poradi koi mazite se plasat od inteligentni zeni 02

Интелигентната жена не се плаши од интимност

Ако навистина ѝ се допаѓате, таа нема да се двоуми да се доближи. За неа, тоа е она што ги прави односите вредни за одржување. Таа е доволно независна за да знае дека врската нема да и ја скрати слободата или да ја натера да се чувствува ранлива.

Интелигентната жена знае што ви треба

Таа успева да процени што ви треба за да функционирате правилно. Таа ќе ги препознае вашите цели, вашите слабости и она по што би сакале да останете запаметени.

Интелигентната жена сака конзистентност

Таа мрази неубаво однесување. Ако не можете да бидете искрени и да формирате цврста врска со неа, тогаш само го трошите своето време. Таа сака маж кој си го одржува зборот и го прави она што го кажува.

9 pricini poradi koi mazite se plasat od inteligentni zeni 03

Интелигентната жена е интензивна

Таа е страсна и живее за возбудувањата од секојдневниот живот. Таа ги чувствува сите свои емоции и не се плаши да ги сподели своите мисли. Ова може да ги заплаши мажите, и ретко кој може да се справи со нејзиниот интензитет.

Интелигентната жена знае како треба да биде сакана

Ако не знаете како да ја сакате, таа многу брзо ќе ве одмине. Ако не можете да ја дадете вистинската љубов што ја заслужува, таа едноставно ќе се оддалечи од вас додека трепнете.

Интелигентната жена нема да чека

Таа нема да чека да се смирите. Таа е страсна, силна и прави многу нешта секојдневно за да си дозволи да чека колеблив човек. Значи, ако не сте достојни на задачата, подобро да ѝ се тргнете од патот.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg