9 суптилни знаци дека партнерот емоционално ве злоупотребува
Тој ви ја разниша самодовербата, има моќ над вас, ве направи жртва и сега чекате тој да ви ја каже „вистинската“ слика на работите.

Емоционалната злоупотреба почнува со мали работи, а кога ќе изреагирате на ваш грб постојано паѓаат обвинувањата дека сте пречувствителни.
Како врската напредува, така вие сте сè понесигурни. Време е за црвена тревога!
Знаци дека партнерот емоционално ве злоупотребува:
Го фаќате во чудни мали лаги, иако нема причина да лаже за одредена работа, едноставно сака во вас да го посади семето на сомневањето.
Прави да ја преиспитувате својата меморија и да се прашувате дали нешто се случило или не се случило, дали сте виделе и слушнале нешто или не.

Неговите „шеги“ не се смешни, туку имаат за цел да ве нападнат вас и работите кои ги сакате кај себе.
Постојано се прашувате себеси дали сте пречувствителни и почнувате да верувате дека навистина реагирате бурно иако тој не ве повредил многу.

Знае како да направи да се чувствувате подобро и како во рацете да има далечински управувач со кој магично ве контролира.
Параноичен е дека го изневерувате и постојано мора да се браните од неговите обвинувања.

Ги озборува вашите пријатели и вашето семејство и сака да го разниша вашиот систем на поддршка.
Предмети кои ги сакате постојано исчезнуваат, особено оние кои за вас имаат голема емоционална моќ.

Чувствувате како да станавте сенка од себе, се чувствувате лошо, но не можете да си објасните зошто.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете)
Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“
„Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени
„Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото
Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“
„Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
