8 начини да му обрнете повеќе внимание на партнерот кога сте премногу зафатени

Повеќето луѓе со зафатени распореди, кога-тогаш ќе се соочат со стресот и високите очекувања од животот. Но, за жал, стресот може да има лошо влијание врз вашата врска.

8-nachini-da-mu-obrnete-povekje-vnimanie-na-partnerot-koga-ste-premnogu-zafateni-001.jpg

Доколку имате премногу обврски, можно е партнерот да го ставате во втор план. За среќа, постојат неколку начини со кои ќе му обрнете повеќе внимание на партнерот кога животот ќе ви застане на патот.

Врските бараат труд и иако животот понекогаш бара многу од вас, важно е да му го дадете потребното внимание на партнерот.

Погледнете како да го направите тоа:

Однесете го во омилениот ресторан

Без разлика колку сте зафатени, секој треба да јаде. Па зошто да не јадете заедно со партнерот во неговиот омилен ресторан? На овој начин тој ќе ги почувствува љубовта и вниманието, а вие не мора да се грижите дали му се допаднал состанокот.

Ова време нека биде за вас. Порачајте го омилениот оброк и разговарајте за вашата врска.

Изненадете го со нешто посебно

Доколку на партнерот му е потребно внимание, малиот подарок може да направи многу. Купете му го омиленото виски или вино, или купете му ваучер за некоја продавница.

Овој мал гест ќе покаже дека мислите на него, дури и кога сте премногу зафатени.

Напишете му љубовна порака

Доколку сакате нешто едноставно, нема да погрешите со љубовна порака. Без разлика дали ќе напишете нешто на хартија пред да одите на работа или ќе му испратите порака на телефонот, овој гест нема да помине незабележано.

Закажете патување

Не мора веднаш да одите негде. Само испланирајте го патувањето и внесете го во календарот за партнерот да знае дека сте сериозни.

На овој начин ќе сфати дека вашата сезона на зафатеност е само привремена и дека навистина му се посветувате нему.

Исклучете го телефонот кога сте заедно

Можеби ќе биде тешко да го исклучите телефонот цела вечер, но партнерот навистина ќе го цени ова. Ќе му се допаѓа што го има целото ваше внимание.

Направете нешто што тој отсекогаш го сакал

Можеби вашиот партнер отсекогаш сакал да одите во зоолошка, или пак во некој музеј. Без разлика што е, изненадете го со активност што ја сака. Направете да се чувствува посебно бидејќи заслужува.

Зачинете ги нештата во спалната соба

Купете секси долна облека или некоја нова играчка и покажете му дека сте подготвени да го задоволите. Нема ништо посекси од тоа да обрнете внимание на желбите н партнерот, кој дефинитивно ќе ви се заблагодари за тоа.

Гледајте ја неговата омилена серија

Доколку сте премногу умрни но сакате да му покажете на партнерот дека сте овде за него, поминете ја вечерта гледајќи ја неговата омилена серија. Ова е навистина едноставна активност што ќе ве релаксира и зближи.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg