Тие паѓаат на... (1)

tie-pagjaat-na-1-povekjeНе само девојките „паѓаат“ на погрешен тип мажи, се врзуваат со нив и завршуваат повредени и без љубов, која толку ја посакуваат. Тој вид грешки не е...

 

...исклучиво женски „специјалитет“, има типови на жени на кои мажите постојано и повторно „паѓаат“.

Дама во неволја

tie-pagjaat-na-1

Таа е несреќна, повредена, кон неа животот не бил фер, била со погрешен тип мажи.... И тој сега ќе се затрча да и помогне, ќе биде маж кој се нашол во вистински момент и ја спасил од нејзиниот тажен живот, можеби и од неа самата.

Со него конечно стигнаа светлоста и љубовта. Тоа понекогаш е машка фантазија, но многу е тешко да се спаси некој кој не умее самиот да си помогне, а неретко и не сака да си помогне, туку тоа е улога која ја одбрале. Таа секогаш ќе биде дама во невоља, со него или без него. 

Мажите ја повредувале

Слична е на дамата во неволја, со тоа што нејзината несреќа е тоа што ја повредувале погрешни мажи еден по друг. Ја мамеле, ја изневерувале кога и биле потребни, можно е некој од нив да бил насилен, лошо се однесувале кон неа...

И тогаш ќе се појави тој, кој секогаш убаво ќе се однесува со неа.

На некои мажи тоа им е привлечно бидејќи ако таа претходно била  со лоши луѓе, тогаш тој и не мора многу да се труди за да биде подобар од нив, многу би било потешко да се натпреварува со некој прекрасен маж, со кој таа повеќе не е поради икс причини.

Но, многу е тешко да се биде со таква дама, таа била толку повредувана, да не само што ја изгубила љубовта туку и самодовербата.

За неа е подобро да биде извесно време ама и да си дојде на себе, а не да влетува во уште една врска во која ќе ја прогонуваат духовите од минатото, во која нема да може да се опушти и во која нема да може ниту  да пружи ниту да прими љубов.

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg