Како да не ја барате за жена?

kako-da-ne-ja-barate-za-zena-povekeИако ова прашање е посебно актуелно во сезоната на празниците, сепак и прекините се најчести во овој период. Случајност? Можеби не. Лош предлог може...

 

...да стави крај на врската и не секогаш е очигледно тоа што може во тој момент да ве зафркне. Пред воопшто да се одлучите на овој чекор, едуцирајте се како тоа да не го направите.

kako-da-ne-ja-barate-za-zena

Не ја барајте во јавност
Предлогот во јавност може и да не е паметна идеја затоа што и ствара притисок на жената веднаш да одговори. Сигурно не сакате вашата потенцијална идна сопруга да каже "Да" само да за да се спаси од срамот од кажување "Не" пред целата ваша публика. Тој момент треба да биде интимен и само меѓу вас двајцата, бидејќи вие сте тие кои што ќе бидат заедно до крајот на животот.

Заборавете на храната
Како генерално правило, секој предлог за брак кој бил во некој познат филм можете слободно да го заборавите. Предложувањето на брак во ресторан со прстен во десертот и клекнување на колено е еднакво неоригинално како и давањето чоколадо за Св. Валентин. Направете нешто што никогаш го нема ниту слушнато ниту видено, нешто што ќе направи да се почувствува навистина посебно.

Не ја вклучувајте цела интернет публика
Еден од најромантичните предлози на интернет досега е кога едно момче ја побара својата девојка за жена преку сервисот за микроблогирање, Твитер. Но, мислите дека ова е паметна идеја? Моментот на предложување на брак е интимен и логично е дека идните брачни партнери треба барем да бидат во истата просторија, нели? Од друга страна пак, многу небитни луѓе во вашиот живот ќе знаат за вашата свршувачка пред вашето семејство и пријатели.

Не ја ставајте пред свршен чин
Колку и да сте сигурни дека таа ќе ви каже да, немојте ни да помислите да ја организирате свадбата и само да и' кажете "Утре доаѓам по тебе и одиме во матично". Не само што со тоа ја притискате за позитивен одговор, туку буквално звучи како киднапирање. 

Внимавајте на временските услови
Колку и да се створени еден за друг, не значи дека временските услови ќе бидат на ваша страна во оваа ситуација. Имено, еден пар во САД отишле на планинарење за дечкото да ја побара девојката за жена. Временските услови страшно се влошиле поради што морале да викаат спасувачка екипа за да ги спасат. Уште еден пример е Меган Фокс. Кога нејзиниот дечко Брајан Остин Грин ја побарал за жена на плажа, таа го испуштила скапоцениот прстен, и иако цела плажа буквално ја изорале, не успеале да го пронајдат. 

Би можело да ве интересира:

Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg