Налетавте на бившиот?

naletavte-na-bivsiot-povekjeСлучајна средба со бившиот дечко или бивша девојка додека сте излезени со новиот партнер е можна, посебно во нашава мала земја. И покрај тоа што може да не...

 

...излезе ништо посебно од таа средба, постојат и многу непријатни ситуации. Не е секогаш лесно да се излезе на крај со емоциите кога нешто такво ќе се случи.

naletavte-na-bivsiot-1

Во такви ситуации најдобро е кон бившиот да се поставите учтиво и дистанцирано. Тоа може да биде тешко ако се уште чувствувате привлечност кон него.

Тогаш може да се случи да зборувате пребргу и премногу... гледајте да не дојде до тоа. Преставете ги бившиот и сегашниот дечко еден на друг по име, без објаснувања на врските.

Немојте да се фалите, бидете воздржани. Не зборувајте за лични работи, ниту пак нешто во стилот „Баш супер што те сретнав“!

Доколку повеќе не го сакате бившиот дечко и го сметате за будала и губитник, може да делува привлечно да се пофалите со новиот партнер, да се „правите паметна“, да бидете нељубезна...

naletavte-na-bivsiot-2Немојте, бидејќи така му придавате значење кое не би смеел да го има. Наместо тоа учтиво поздравете го, без посебно насмевнување или мрштење и продолжете понатаму.

Без разлика кој кого оставил, кога ненадејно ќе налетате на бившиот додека сте со новиот партнер, длабоко земете здив и избројте до 50.

Експертите предлагаат да броите до 10, но не е доволно. Тоа е ситуација во која треба импулсивно да се реагира, а може да помогне и длабоко дишење и броење во себе.

Среќавањето на бившиот додека сте со новиот партнер не е никаква катастрофа, освен ако бившиот е патолошки љубоморен манијак, но може да ве наведе да реагирате со емоции за кои не сте свесни дека се толку јаки или дека воопшто ги има, па би било добро да бидете внимателни.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg