Автосексуалност - кога љубовта кон себе ќе ги потисне сите други видови на љубов

Денес слободно можеме да кажеме дека човечката сексуалност е флуидна и многу покомплицирана отколку што се верува. Постои широк спектар на љубовни односи – од асексуални личности, кои имаат романтични врски без сексуални односи, до комплицирана структура на полиаморија, во која не постои моногамија, туку поединечни правила. Иако ова не е нов поим, во последниве години сè повеќе се зборува за автосексуалноста и за автосексуалците.

Avtoseksualnost Sto se slucuva koga ljubovta kon sebe ke gi potisne site drugi 01

Некои терапевти и сексолози тврдат дека автосексуалност е посебна сексуална ориентација, која сè уште не е признаена, но дека не треба да се меша со нарцисоидно нарушување на личноста.

Едноставна дефиниција за автосексуалноста би била привлечност што една личност ја чувствува кон себе. Автосексуалците можат да имаат емоционални врски, како и сексуални односи со други луѓе, но најголемата возбуда ја чувствуваат кога го гледаат сопственото тело во огледало или кога фантазираат за своето тело.

Самиот поим, како и неговата дефиниција, потекнува од 1989 година, кога психотерапевтот Бернард Апфелбаум кај некои од своите пациенти забележал дека имаат тешкотии да привлечат други луѓе и дека најголем степен на задоволство чувствуваат кога мастурбираат.

Avtoseksualnost Sto se slucuva koga ljubovta kon sebe ke gi potisne site drugi 02

Покрај автосексуалноста, постои и термин сологамија или брак со самиот себе. Ова не се практикува често, иако е зголемен број на луѓе кои велат „да“ на самите себе, иако е ова илегално насекаде во светот.

Една јапонска компанија нуди пакети за луѓето кои се во брак со самите себе, како и за жените кои се незадоволни од претходните бракови.

Застапниците на овој феномен велат дека сологамија е љубов кон себеси и прифаќање на социјалната афирмација, која обично е резервирана за двојките што се во брак.

Оваа посебна практика би можела да се гледа како екстремно проширување на љубовта и грижата за себе, додека автосексуалноста ја покрива сексуалната привлечност кон себеси.

Avtoseksualnost Sto se slucuva koga ljubovta kon sebe ke gi potisne site drugi 03

Постои и авторомантика, која претставува романтичен однос со себеси. Гиа Витале е една од авторките која пишува за овој феномен, а се идентификува како автосексуална и авторомантична личност. 

Ова значи дека покрај сексуалната привлечност кон сопственото тело, таа исто така чувствува романтичен копнеж кон себеси, како полноправна личност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава