Луѓето кои се вљубени во интроверти имаат најдобри врски

lugjeto-koi-se-vljubeni-vo-introverti-imaat-najdobri-vrski-01.jpg

Кога сте во врска со интроверт, ќе имате прекрасна врска базирана на трпение.

Да, потребно е одредено време за интровертот да ги спушти ѕидовите и да го отвори своето срце за љубов, но откако ќе го стори тоа со него ќе ја имате најстабилната љубовна врска.

Интровертот ќе посвети време вистински да ве запознае за да биде сигурен каква личност сте, пред да ви се обврзе.

Мора да бидете трпеливи со интровертот затоа што нему му е потребно време за да се чувствува сигурно во врската и да си креира безбедна околина за себе.

Мора да му докажете дека може да ви верува и дека е безбеден со вас. Мора да покажете дека имате чесни намери кон него.

Бидејќи интровертите минале многу патувања во својата душа и научиле што вистински сакаат и што не сакаат. Тие никогаш нема да се смират покрај личност што мислат дека не ги заслужува затоа што не сакаат да си ја загрозат сопствената среќа. Затоа им е потребно толку време да се отворат некому.

Но, откако ќе го спуштат штитот тие ќе ве сакаат безрезервно. Ќе имаат очи само за вас.

Да, тешко ќе се поврзете со нив, но кога ќе го сторите тоа, тоа ќе биде вистинското.

Тие не сакаат површни работи во животот, па со нив ќе имате длабока и интимна врска. Не им го губете времето и енергијата ако не посакувате нешто такво со нив.

Со нив ќе се чувствувате комфорно да ги споделите своите надежи и соништа. Ќе им ги кажувате најголемите стравови и колебања. Со нив ќе се чувствувате комфорно затоа што ќе ве разбираат.

Врската ќе ви биде заснована на цврсти темели. Свесни се дека секој има потреба од време минато сам и покрај нив ќе растете и ќе се развивате како личност.

Извор

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg