Го знаете ли неговото минато?

go-znaete-negovoto-minato-povekjeВо моментите на заљубеност голем број девојки ќе заклучат дека проблематичното минато на нивното момче нема да направи проблем во врската. Минатото е само минато...

 

...зарем не? И ќе се венчаат со него. Потоа ќе откријат дека неговото минато станало сегашност. Но, непријатните работи од минатото не би требало туку така да ги отпишеме, како нешто кое со сигурност ќе остане во минатото.

go-znaete-negovoto-minato

Многу добар начина да предвидите како тој ќе се однесува е да погледнете како се однесувал во минатото. Ако е склон кон бурни врски и шарање на страна, би помислиле дека тоа е затоа што не ја пронашол вистинската - вас, секако и тоа ќе се промени затоа што веќе ја сретнал вистинската.

Добри се шансите дека тоа нема да се измени, дека ќе бидете уште една во низот со која имал бурна врска, која ја мамел, со која се разишол после жолчни расправии.

Можно е дека за време на страсната врска (некои велат дека трае 18 месеци) тој убаво ќе се однесува со вас, но потоа ќе се врати на вообичаеното однесување.

Секако, луѓето се менуваат. Стопроцентна сигурност нема ни за бојлер, а камоли за човек, но треба сериозно да се размисли во кои околности вашето момче лошо се однесувало.

Размислете за неговите лоши постапки и запрашајте се зошто така се однесувал. Ако некое време пиел затоа што имал такво друштво, а сега повеќе не се гледа со тие луѓе, можно е тоа да е само период кој е надминат.

Но, ако пиел затоа што бил под стрес, многу е веројатно дека ќе се повтори при следната стресна ситуација. Во тој случај добро би било да се размисли дали е тоа однесување кое вие би го толерирале или подобро е да побарате некој кој не се однесува така.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg